Како Се Преболува?
[fblike]
Понекогаш се прашувам дали јас сум најсоодветната личност која треба да ви дели совети за успех, љубов, секс, порази, семејство, животни, музика, здравје…
Кога ќе се потсетам низ се што имам поминато, одговорот е да, јас сум најсоодветната.
Денес ќе ве научам како се преболува…
Не се преболува со хаос во главата, тоа е прво, значи ако некој ве откачи или вие сте го откачиле од сопствени пречки кои не можеле да се надминат, не дозволувајте во главата да ви владее хаосот.
Не е единствен или единствена на свет, нели?
Хаосот во главата може да резултира со мамурлук, премногу испушени цигари, уништени односи со останатите луѓе кои не ви се криви за ништо, уништување на себеси…
Запомнете го тоа!
Второ, не ставајте слики со личности од спротивниот пол на социјалните мрежи, песни кои ја искажуваат спротивната страна на тоа што ви се случува во душата и не излегувајте постојано само за да бидите видени како добро се забавувате.
Ставајте слики од себеси, дајте им дознаење што пропуштиле, постирајте песни за ваш ќеф на душата, не за публицитет, излегувајте на места на кои не може да ве најде ниту бившиот партнер, ниту неговите пријатели кои ќе му кажат како добро сте се забавувале во скутот на новото момче мешајќи му со задникот.
Трето, најважно правило за тоа како да преболите се однесува на идната врска во која ќе влезете.
Не влегувајте во врска само поради осаменост, желба за да предизвикате љубомора кај бившиот партнер или заради тоа што сакате да повредите некого на начин на кој што ве повредиле вас.
Влезете во врска кога ќе почусвтвувате дека сакате некого, а не само бидејќи сакате да сте во врска со било кого.
Бидете среќни во свој инат, бидејќи заслужувате среќа, кој еднаш ве растажил, не заслужува втора шанса, таа се дава само себеси, бидејќи вие сте единстевни кои ќе останете покрај вас цел живот, може да искористите не две, туку милион шанси.
Работете по принцип, ме повреди, те елиминирам, се обидуваш да ме повредиш по втор пат, ќе те уништам со својата рамнодушност, ќе те гледам како воздух пред себе.
Не дозволувајте никој да го нарушува вашиот мир, бидејќи никој не ви помогнал да го изградите, наместо тоа срушете му го небото на глава со својата игнорантност и недопирливост.
Бидете недопирливи, поставете си високи критериуми во животот, толку високи што знаете дека личностите кои не заслужуваат, нема ниту да се обидат да ги достигнат, бидејќи се плашат од вашата големина.
Едноставно живејте го животот на свој, начин, љубовта е минлива, не се нервирајте поради неа, она што не е минливо е вашата среќа која може постојано да зрачи од вас, само доколку правилно ја негувате!
Ете така се преболува, не само бивши партнер, туку секој останат во животот кој не ја заслужил ниту првата шанса која сте му ја дале, а не камоли втората која ја бара само за повторно да ве докрајчи.
Тој што ве заслужува, почитува и сака, ќе ја искористи првата шанса, запомнете го тоа!
Посетено 4.547 пати