Кафе и цигара – смртоносна или магична комбинација?

Фото: Мајка Ти и Татко Ти

Се имате ли запрашано зошто оваа комбинација е неразделна?

Сите пушачи го познаваат утринскиот ритуал за будење. Наместо да се измијат лице тие посегнуваат по шољата кафе и првата утринска цигара.

Па потоа по втората, третата цигара.. како што е редот.

Но, зошто баш кафето и цигарата одат толку добро заедно?

Кафето е пијалок, кој се подготвува од печени зрна. Тоа е еден од главните извори на човековиот психостимуланс, и според многубројни медицински експерти, вистинска зависност.

Можеби баш поради тоа добро се надополнува со никотинот, бидејќи нели сличностите се привлекуваат?

Никотинот исто како кофеинот создава психичка зависност.

Кога се гледа од медицински аспект оваа комбинација е смртоносна.

Добро познато е дека никотинот предизвикува рак, неплодност, расипани заби, пожолтени нокти, а кафето пак е извор на антиоксиданси кои предизвикуваат срцеви заболувања и рак.

Иако го знаеме сето ова, сепак не можеме да си го замислиме почетокот на денот без кафе и цигара.

Како рекле, од нешто мора да се умре, нели?

Посетено 13.219 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!