Индиго

Душата е како индиго. На неа можеш да испишеш се`. И тоа се` ќе се отслика на 
милион различни начини, во зависност од временскиот период на гледање на 
нештата. Денес приказната наречи ја љубов… утре веќе испрати ја во заборав. 
И поминало времето на траење… Секоја љубов има свој век. Своја убавина.

Своја инспирација.

Некои љубови ги сретнуваш еднаш. Ги љубиш во мигот на совршенство, но едноставно
се прерано родени. Кревки. Налетот на времето и младоста ви ги кршат крилата за
лет.

Некои љубови се толку едноставни, толку убави, што просто проаѓаш покрај нив низ
паркови, кејови, автобуски постројки, и… Едноставно се заљубуваш во нив. Две срца
треперат во едно… Тие ми се некако најубави (барем наизглед) и најчесто не случени
љубови.

Некои љубови се инспирација.

За смрт. Го вадат најлошото од тебе на површина, а ти повторно настојуваш сето тоа
убаво да го спакуваш, со машна. Инспирација да си ја распараш душата, за…

За повторно раѓање. После нив… После нив ништо не е исто. И се` е различно.
Умираш, за повторно да се родиш. Повторно учиш да дишеш. Повторно учиш да
чекориш. Повторно учиш да живееш, во сопствената кожа, а сепак нов живот…

За животот.

Оној ист живот во кој сега учиш да им се радуваш на сонето и малите нешта, без
очекувања. Зашто денот повторно ќе изгрее на исток, ќе зајде на запад, само твоето
доживување за него ќе биде сосема поинакво… Сосема нова перцепција и димензија.
Нови варијации од напливи и чуства… Нови почетоци, разиграни креативни катчиња…

Навикнуваш дека луѓето се само луѓе… и на крајот од денот и тие заспиваат барем со
по еден неостварен сон. Навикнуваш дека не сите луѓе знаат да љубат. Има некои кои
само можат да сакаат во мигот. Луѓе кои се плашат… Некои луѓе, сосема неслучајно ќе
те изненадат… Убави изненадувања од луѓе. Ќе ти го разбудат убавото во тебе.

* * *

На крајот, душата е само индиго. На неа можеш да испишеш се`. И 
тоа се` ќе се отслика на милион различни начини, во зависност од 
временскиот период на гледање на нештата.

 

Автор: Бежовска Сања / Autor: Bezhovska Sanya
indigo_majkatiitatkoti

Огледало на една душа – Miror of a soul

Посетено 434 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!