Зошто луѓето дозволуваат свесно да бидат манипулирани?

marioneta-pocetna_majkatiitatkoti[fblike]
Манипулацијата е мајка на ароганцијата, но лоша мајка, бидејќи потекнува од лош корен, а тоа е коренот на оние лоши луѓе
кои мислат дека со манипулација ќе го освојат светот
Еве зошто дозволуваме таквите луѓе да не манипулираат свесно се додека не сфатиме дека не вредат.
Им веруваме
Доколку не манипулира некој на кому му веруваме, ние веруваме дека таа манипулација тој ја прави несвесно, за наше добро, затоа му дозволуваме да го прави истото.
Мислиме дека не сакаат
Кога некој го сакаш, не го манипулираш, но ние луѓето сме чудни. Мислиме дека понекогаш манипулацијата доаѓа од преголема љубов на луѓето кон нас, но вистината е спротивна.
Ние сме наивни
Понекогаш кога си имаме работа со професионални манипулатори, не сме свесни и наивно дозволуваме да не манипулираат.
Сакаме да бидеме како нив
Постојат луѓе кои сакаат да научат како да манипулираат, а ние понекогаш сме како тие луѓе, па затоа им дозволуваме да го прават тоа, за да не научат на некој нов манипулаторски трик.
Премногу сме добри
Едноставно не веруваме во манипулација, бидејќи веруваме во карма. Доколку некој манипулираш свесно денес за своја корист, утре ти ќе бидеш манипулиран за нечија корист, нели?
Во кој дел се пронајдовте?

savatours-baner

Посетено 2.675 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!