Ич усул да се немало

dete vo park_majkatiitatkoti
„чичко Чувар, на кое дрво смеам да се обесам?“
– го прашувам чуварот во парк
„на она таму позади споменикот“
„ама бев таму, ред се чека“
„е па не знам дечко снајди се“
Гледам наоколу, меркам „ ха можам на онаа
бандера, баш убаво ќе висам“ – си мислам
Таман се качив и почнав да ја местам бесилката
ми спискаа оние од дистрибуција
„симињај се бе копук, треба сијалица да мењаме“
Се симнав,што да правам.
Туу што баксуз сум, да не може човек
да се обеси во сопствениот град!!!
Него да пробам на оваа новава зграда,
ќе го заврзам јажето на оџакон, ќе ја ставам
бесилката и ќе се фрлам.
Така и направив
Се стокмив како што треба и се фрлил,
јажето се оптегна и наместо да ми го крцне
вртато цела фасада заедно со мене падна
врз паркираните коли
Ама и јас глуп,со кај памет ќе се бесам
на овие новиве згради кога
жив шкарт ги прават.
Искачам од урнатините, ја бришам прашината
и тогаш ми се приближува еден џандар
„ти ја сруши фасадава?“
„да“
„и јас сега кај ќе живеам?.. а и колата ми ја
уништи а имам уште 2412 рати“
„ ама несакајќи беше“
„несакајќи викаш?..а сакаш јас не сакајќи
да те убијам со пиштолов ?
„сакам, зошто да не?
И замислете кретенов ОДМА ме уби, ми свирна
4-5-6-7 или 8 куршуми во глава
Не ми е затоа што ми ја упропасти фацата
и ќе бидам ружен леш
него да почекаше барем јажето да го вратев
во продавница па да ми ги вратеа парите
Ич усул да се немало
Посетено 1.477 пати