Холандска вечер во “Јавна соба”

Среда 7. декември од 20:00 ч. во “Јавна соба” на репертоар е холандската кујна.
taste-hollandЈавна соба продолжува со социјалната програма за кулинарско издигнување, односно запознавање на други култури преку организирани кулинарски презентации. Во среда, 7. декември со почеток од 20:00 часот во Јавна соба на репертоар е холандската кујна. Под водство на холанѓанецот Пол Хотхаузен за прв пат во Македонија ќе се дегустираат врвни специјалитети од северниот дел на Европа.
Холандија како земја сигурно не е прва на листа кога ќе помислиме на јадења, особено не на специјалитети и традиционална јадења. Но тоа е од причина што нивната кујна не ни е воопшто позната нам во Македонија. Холанѓаните јадат здрава и вкусна храна, базирана на зеленчуци, риба и месо. Просечен животен век кај луѓето во Хоалндија е 80 години.
Мешавината на вкусовите во повеќето главни јадења сигурно не е нивна автохнона рецептура, туку е што е увезено од бивштите и сегашните колонии (Индонезија, Суринам, Аруба), но и да не заборавиме дека холанѓаните иако се мала нација ( 17 милиони жители) се светски патници со векови наназад. Сите овие навики, традиции и култури се интегрирани денес во холандската кујна која што по многу гастрономи се смета за светски микс. Рапидниот развојот на ХОРЕКА секторот од 80тите наваму допринесува Холандија да стане гастрономска сила која пласираше на површина плејада на познати кувари, добара дел од нив и ТВ ѕвезди, огромен број на “Michelin” ресторани и амбасадори на добра храна. Она што исто така многу значајно е дека Холандија е четврта по ред земја извозник на храна во свет.
Во среда на мени се сервираат холандска супа од зеленчук со телешко месо и крцкава сланина, салата од цикорија, порција зајак со традиционално пире од четири зеленчуци , пита од јаболка и божиќни круши во сос од вино.
rwtensoep konijnenpeper-met-rode-kool
de-rit-bakmixen-apple-pie-mix stoofperen
Јавна соба со оваа тематска вечера го заокружува циклусот на вечери за 2016 година. Во 2017 година проектот Вкусот на Скопје продолжува, во јануари 2017 најавени се кувари од светски калибар од Италија, Хрватска и Велика Британија кои ќе одржат серија на работилници за поширока јавност.
Јавна соба е центар за гастронсмко продуховување, каде покрај редовното мени кое изобилува со врвни специјалитети, се организираат презентации на молекуларан гастрономија и се презентираат сите новитети во кулинарсвото.
Посетено 492 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!