Грамофоните и Thorens ® во Македонија
Еден од најпознатите пронајдоци создадени од човекот којшто се користи за генерирање на звук е грамофонот. Кај овој изум луѓето добиле инспирација да произведат звук на посебен начин. Историјата на грамофонот датира од 1877 година, кога Thomas Edison го измислил фонографот. Во 1880, лабораторијата на Alexander Graham Bell има направено неколку подобрувања и е создаден графофонот, за тоа да биде предизвик за Emile Berliner кој во 1890го дизајнира и создава уредот кој наместо фонограф цилиндри користи рамни дискови со спирална патека, со што го претставува механизмот на работа кој се користи и кај денешниот грамофон.
Подоцна, сите овие пронајдоци довеле до создавање на винил плочата.Таа била создадена некаде во раните 1900-ти. За сето тоа да функционира се користел кертриџ, или поточно уред кој требало да произведува магнетно-динамичен или пиезо-електричен капацитет. На него била закачена игла која била најчесто изработена од осиум, сафир или дијамант.
Кертриџот заедно со специјално изработената рачка на којашто бил поставен, вршеле точно позициониран и пресметан притисок врз иглата која движејќи се врз браздите од плочата која ротира, произведувала звук.
Во почетокот грамофоните се разликувале во големина во зависност од големината на дискот или плочата која требало да свири, но со текот на времето и развојот, од мануелно вртење се прешло во механичко па и автоматско повторување на функцијата. Некаде во 1960 година, се наметнал и еден нов начин за користење на грамофонот, за прв пат од кога е создаден. Dj Kool Herc е првиот којшто пробал да ги користи грамофоните за да создаде звуци како гребење, кршење, отчукување и е првиот виновен за раѓањето на Хип-Хоп музиката од која луѓето беа воодушевени и заразени сé до ден-денес. Оваа изворно-аналогна технологија која низ годините била користена и манипулирана на различен начин, успеала „вчера, денеска, а со сигурност и утре” да остане имуна на големите технолошки напредоци и достигнувања и, како сведок на едно време, да го издржи создавањето и напливот на дигиталната ера.
Како во сé, па така и во историјата на грамофоните има многу иноватори, прозводители, истражувачки центри, угледни аудио и новинарски куќи кои придонеле на најразличен начин во изборот на најквалитетните, најдобрите и најзаслужните за опстанокот и иднината на оваа вистинска технологија.
Една таква е и компанијата THORENS® – The Phono Company како оргинален, почитуван и реномиран претставник во светот на грамофоните. Швајцарската прецизност и технолошка иновативност го ставаат овој бренд како лидер во развојот, стандардите и достигнувањата за кои гордо и со факти ќе пишуваме, а богами и уживаме во иднина. Ќе бидеме сведоци на секоја нота и звук отсвирени од иглите на овие грамофони, создавајќи и презентирајќи вистинска култура на живеење за која сите говорат и сведочат повеќе од 100 години. Нашата заложба во АЛФА АУДИО е да го реализираме сонот на сите љубители на грамофоните и винил-плочите и да го претвориме во реалност.
Како единствен авторизиран претставник и дилер на THORENS® The Phono Company, АЛФА АУДИО гордо ви најавува моменти за кои сите ќе сведочат, уживајќи во културата и магијата наречена винил.
Ви најавуваме рецензија и ретроспектива на повеќето успешни и високо-ценети модели и технологии од овој бренд, а воедно и доследно презентирање на новите модели…НАСКОРО!
Компанијата АЛФА АУДИО датира од 1999 година и е ориентирана кон аудио и видео решенија како и кон професионално осветлување. Компанијата функционира како ексклузивен увозник на голем број високо квалитетни брендови и исто така има сопствен сервис и центар за поправка, осигурувајќи ја гаранцијата на производите што ги нуди.
Поголем број на информации во нашиот продажен салон во стариот ТЦ Капиштец на спрат или на нашиот веб сајт www.alfaaudio.com.mk