Градот наречен Заборав

Скопје-терсене град

* Ничкум – наведнато, обратно, свртено наопаку, терсене.

Скопје, градот кој сите сакаат да го мразат.
Незнам зошо!?
Убаво е нашево Скопје.
Град со големи булевари, со убави трговски
центри, со прекрасни театри, галии во Вардар, Водно на
дофат, Матка ене ја…
Убаина невидена. Штета шо е малку на страна.
Дури 100 км. од Кавадарци.
А убаините, терсене.

Скопје е град у кој коли се паркираат на
тротоар а пешаците се движат по улица.

Скопје е град у кој часовниците кои треба да
работат не се поправаат а сакаат да поправат
часовник кој не треба да работи.

Скопје е град у кој се градат плажи на места
кај шо е забрането бањањето.

У Скопје политичарите глумат,
глумците тераат политика.

Прошетај низ Скопје и можеш да видиш мајмуни и
жирафи по бандери, волови во кола, бикови на
улица, крави на штикли, квадратни лавови и
сето тоа без користење на опијати.

Скопје е град на трговски центри.
Не смееш да кажеш дека мајка ти е Скопјанка
зошо може да те прашаат: Колку улази има?

На семафор у Скопје оние шо возат право увек се
паркираат за десно.

У Скопје, со Закон е забрането користење на најлонски
кеси освен…ако си ја платиш 2 денари.

Чудно нешо му се случуе на мојов град.
Старее!
Еден ден ќе биде, градот наречен Заборав.
Сличен на старец.
Единствена мана шо старее побргу од мене.
Ме предаде!

Посетено 1.468 пати

Бата Џанго

Бата Џанго

Бата Џанго