25 разочарувања со кои се соочуваат 25-годишниците

paul hudson

Не правете грешки- 25 години е посебна возраст. Тоа е време кога се наоѓаме на почетокот од едно ново поглавје во нашиот живот. Сме проживеале најмалку 25 % од нашите животи- вака или онака- и сега сме несомнено возрасни.

За жал, ова ново поглавје во нашиот живот ни носи безброј нови информации и повеќето се разочарувачки.

Можеби не сите, но повеќето пред да наполнат 30 години се целосно разочарани.

Ова се 25-те разочарувања со кои се справуваат 25-годишниците:

1. Мислат дека додека да наполнат 25 години ќе ја добијат работата од соништата

Додека сме помлади мислиме дека со дипломирањето на 22 години добиваме на време за да ја бараме работата која отсекогаш сме ја посакувале.

Проблемот е што кога сме возрасни 3 години се навистина краток период. Најголем дел од 25 годишниците ја мразат својата работа.

2. Сфаќаат дека не знаат за светот онолку колку што мислеле дека знаат

Како стареете, така се е покомплицирано. Односно, сфаќате колку комплицирани биле работите отсекогаш.

Нашите млади години се на некој начин претерано упростување. Илузијата избледува кога ќе стигнеме до 25.

3. Сфаќаат дека даноците им ‘ја јадат’ платата

Даноците се потребни за да има напредок. Нештата треба да се оддржуваат и подобруваат.

И се разбира некој треба да плати- а и има смисла дека оној кој ги користи тие нешта треба да плати за нив. И за уште нешто!?

4. Дознаваат дека самостојноста не е ниту приближно толку интересна колку што мислеле дека ќе биде- се додека да дојдат до позиција кога вистински треба да се издржуваат самите

Додека сме мали, сакаме да пораснеме. А кога ќе станеме возрасни посакуваме повторно да бидеме деца. Во никој случај не сме среќни. Да живеете по свое е возбудливо- се додека не станете самостојни. Тогаш пак, имаме чувство дека тоа скапо не чини.

5. Осамостојувањето не е толку гламурозно колку што очекувавте

Едвај чекате да имате свој стан, свој автомобил, свој живот. Но, откако ќе се обидете да живеете сами некое време, излегува дека тоа и не е баш така прекрасно како што очекувавте.

Добро, можеби некои моменти вредат, но собичката од 3 на 3м сигурно не е еден од нив.

6. Прифаќаат дека работата понекогаш е за никаде

Тоа е само работа. По неколку години на работа, најголем дел од луѓето сфаќаат колку би мразеле да работат до крајот од својот живот.

Повеќето работат за да живеат онака како што замислиле. Проблемот е што работата им одземе премногу време од ‘идеалниот’ живот кој го живеат.

Кога ќе наполните 25 години, правите избор- или да го ‘папате’ цел живот и да се мачите да направите пари или да најдете нешто што ви лежи на срце и не ви претставува проблем да го работите.

7. Прифаќаат дека деновите се премногу кратки и ретко има време за нешто друго освен работата

Ако имате 25 години, работите и живеете сами, тогаш времето за дружење и забавување е многу ретко.

Има и некои поразлични ситуации, но генерално ако работите од 9 до 5 часот, потоа вежбате, чистите, ги простирате алиштата, готвите и доволно спиете, тогаш не ви останува многу време за други нешта, за оние добрите нешта.

8. Разочарани сте од луѓето кои ги запознавате

Можеби сте возбудени да ги запознате сите оние фасцинантни луѓе насекаде по светот. Знаете дека тие се таму некаде, но не очекувате дека е толку тешко да ги пронајдете. Општо земено, вие сте разочарани од луѓето.

Луѓето кои ги запознавате се приклучуваат на остатокот од толпата на луѓе кои некогаш сте ги запознале. Најлошиот дел е тоа што стекнувањето нови пријателства е навистина тешко.

9. Разочарани сте од спротивниот пол

Можеби и ќе стекнете некои нови пријателства, не како другарите од детството- само пријатели, но да најдете некој со кој ќе можете да започнете врска…тоа е најтешкиот дел. 25 годишниците се на одлична возраст да излегуваат и истражуваат.

Тоа е одлична возраст за правење грешки, и тоа многу грешки.

10. Ги губите пријателите бидејќи одите во различни животни насоки

Мислевте дека другарите од средно, па дури и оние од основно засекогаш ќе бидат дел од вашиот живот. Но, не сте се слушнале ниту виделе веќе со месеци.

Не дека некој од вас сакал да го прекине другарството, туку никој не се ни потрудил да го задржи. Сите, вклучувајќи ве и вас, се премногу зафатени. Тоа е разочарувачки.

11. Согледувате дека повеќето од вашите пријатели се ужасни пријатели и потоа ги оттргнувате од вашиот живот

Не сакате да го правите тоа, но морате. Наместо да ве поддржуваат, тие повеќе ве повредуваат.

12. Размислувате дали учењето ќе се исплати, или ќе треба да почекате

Чија беше идејата да се запишете на факултет? Секако, тоа е дел од нашиот систем, па и трошоците што ги акомулиравте се дел од нашиот ‘прекрасен’ систем.

Најлошиот дел е што вие не ни работите по вашата струка.

13. Сфаќате дека ви дозволуват да најдете работа која не ја поднесувате

Сакавте да учите за тоа, но работата која се очекува од вас, особено на почетното ниво- ја мразите.

14. Не знаете каде понатаму во животот

Вие имате 25 години… зарем не требаше да го знаете тоа до сега?! Најголем дел од вас очекуваат дека ќе имаат одговор на ова прашање до 25 години.

А дури тогаш сфаќаат дека се сеуште многу млади, иако како мали оваа возраст ја сметаа за многу далечна. Сега, откако ја достигнавте таа прекрасна возраст, вие сте изгубени и збунети како никогаш до сега.

15. Сеуште сте ‘сами’

Колку сте постари, колку се помногубројни врските кои мизерно завршиле- толку посмешни се изразите ‘сеуште сам’- а тоа е многу нормално, па вие уште не сте ни подготвени за врска.

Ако бевте подготвени, сигурно ќе се потрудевте малку повеќе со последната врска.

16. Денот има само 24 часа и дури сега сфативте колку всушност е краток

Тинејџерските денови се исполнети со спонтани мигови кои вечно траат. Сега дури и не знаете кој ден е, ниту пак која е недела,можеби.

17. Не сте среќни

И покрај тоа што бевте цврсто убедени дека до 25-тата година ќе се будите со насмевка на лицето, намуртеноста е сеуште тука.

Без оглед на тоа дали сте или не сте таму каде што се надевавте дека ќе бидете на 25 години, сеуште не сте среќни како што мислевте дека ќе бидете. Јасно е, за среќа е потребно малку повеќе од тоа вие мислевте.

18. Сфаќате дека вашите родители не се суперхерои како што некогаш мислевте

Па, тоа го согледавте уште пред некое време, но не очекувавте од нив да се толку… човечки.

Колку сте повозрасни, така вашите родители почнуваат да разговараат со вас како со другари. Ова е одлично, но знае да биде и по малку разочарувачки.

19. Сфаќате дека сте веќе стари за пиење, забавување и беснеење

Ретко кој ќе поверува во ова, но вие веќе не уживате да се глупирате и да искажувате некаква храброст. Тоа е најчудната работа…

20. Разочарани сте од брзината со која ви помина една четвртина од животот

Реално, тоа е и повеќе од четвртина од вашиот живот. Згора на тоа, ви велат дека одовде имате само спуст. Одлично, многу нешта ве очекуваат!

21. За они кои имале среќа да ја откријат својата страст до 25 години, треба да се трудат уште многу за да го досегнат она што го посакуваат

Откривањето на вашата страст е само еден чекор во вашето животното патување.

22. Откривате колку досаден може да биде животот

Мислевте дека животот на тинејџер е досаден, секогаш моравте да одите на часови и да внимавате таму.

Но сега, работите, понекогаш знаат да бидат многу подосадни. Немаат сите 25 годишници збиена агенда. Некои и воопшто немаат што да прават.

23. Сфаќате дека училиштето ви недостига

Не сте самои разочарани, туку сте и изненадени од фактот дека ви недостига училиштето. Дали некогаш би помислиле дека по сите тие денецении кога сакавте да побегнете од училиштето, ќе дојде време кога повторно ќе посакате да се вратите?

24. Сфаќате колку малку време ви остана за да го создадете вашиот живот од соништата

Секако, има доста време, но вие би сакале и малку да уживате во животот за кој толку напорно работите нели?!

Па, која е поентата толку да работите, кога ви останува многу малку време да уживате во тоа?

25. Сеуште не ја сфаќате поентата на сето тоа

Уште полошо, сфаќате дека знаете помалку од тоа што мислевте претходно. Вие стареете, но изгледа дека се помалку знаете за животот. А кои се добрите вести? Е тоа е она што ние го нарекуваме мудрост.

Посетено 10.236 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!