Драган Спасов Дац: Претставата “Госпоѓа министерка” има своја публика и наскоро гледачите ќе можат да ја видат повторно.
Почитувани граѓани, љубители на уметноста и верни посетители на Македонскиот Народен театар.
По изјавата на мојата драга колешка Весна Петрушевска, дека нејзината претстава “Госпоѓа министерка” е симната од репертоар, сакам да изјавам дека истата не е симната од репертоар!
[fblike]
Претставата која беше во приватна продукција а пред некое време Весна изјави дека ја подарува на МНТ, ќе се игра!
Во моментов МНТ има многу нови и квалитетни претстави кои мораат да имаат приоритет и се спремаат три нови претстави од кои едната е “Мама миа”, мјузикл кој бара многу простор и време.
Претставата “Госпоѓа минисерка” има своја публика и наскоро гледачите ќе можат да ја видат повторно.
Во таа претстава се чувствува замор и ќе предложам да се среди сценографијата, костимите и да се направат неколку проби за истата да го добие првичниот сјај од премиерата.
Некои злобници помислија дека јас имам нешто против мојата колешка Весна, па нив ќе им одговорам. Во моментов Весна Петрушевска припрема нова претстава во МНТ со нејзината приватна продукција каде нашиот театар и јас дадовме сесрдна поддршка и гледачите наскоро ќе можат да ја видат на големата сцена.
Со почит
Драган Спасов Дац
Посетено 2.071 пати