„Ало, не си ваков, забега, што ти е“ си викам. Е што ми е де? Новиот Passat ми е.
До сега сум возел различни коли од различни класи. Не сум посебно страстен возач, ама кој знае, може така е и боље. Како и да е, мислам дека доволно сум видел у животот за да можам да препознам добра кола. Пред некој ден ми се укажа шанса да го возам новиот Passat.
Volkswagen, си викам. Многу што не го возеле го критикуваат, а тое што имале шанса да го возат не го мењаат за ништо. Шансата е шанса само ако ја искористиш. Иначе е само тема за празен муабет за „старите добри времиња“ што не си ги проживеал подобро. Па, ја мојава ја искористив.
На прва колата ме збуни. Нацртана со остри линии, некои форми интересни, хром, страшни светла, големи бандаши…
Спортска ли е колава, луксузна ли е, двете ли е? Што е работава, си викам…
У секој случај, изгледаше екстра, каде-каде поприметливо од „типично“ ауто на Volkswagen.
Ја гледам некое време, па отварам врата: Кожа, големки дисплеи, наредено, средено, стокмено… Влегов, него што!
Старт на копче и кога запеа инструмент таблата, целата дигитална, да не можеш очи да тргнеш од неа. Седиштето само се мести во позиција, светат тенки линии под алуминиумот у вратите…
После приметив дека се запалил моторот. Нормално, прво пуштам музика. Свири-ѕвони, мора да е нешто добро. Читам Dynaudio на звучниците и све ми е јасно.
Драјв (аутоматик беше), гас и ми се подотворија очите. Брзо бе ова! Излегов на обиколница. И скоро одма се вратив у град.
Реков веќе, брза е колава. Многу брза. И многу лесно се вози. Кога на 180 да мислиш дека возиш 80, а кога ќе дадеш гас пак мислиш дека од 80 убрзаваш, така е.
„Ало, не си ваков, забега, што ти е“ си викам. Е што ми е де? Новиот Passat ми е.