Фенси ресторан, уште пофенси муштерии

fensi restoran panker_majkatiitatkoti[fblike]
Кога се отвори најновион FRRFP фенси ресторан
се испотепаа луѓе да идат
зато што имаше неверојатна понуда
на снобовска храна од цел свет.
Ок, отидов да видам што чудо е
ама пошто не ми се јадеше
се сместив на шанк.
Нарачав од најефтиниот коктел,
некаков микс од цедени овошја, зеленчуци
опашки од овчички што умреле од
природна смрт и филтрирана вода
Ауу, тешко срање ама ај
како знам ќе го испијам,
морам за да не се избрукам па сељак
да ме направат.
Се разбира дека е забрането пушење
и од нервоза си ги кршам прстите
и тогаш на најблиската маса
се сместува еден пар
Ама онаков, по сите модни тертипи
скоцкан, типичен шемаџиски пар
Бомбочиња
Се чекираа на ФБ, го сликаа менито,
почекаа пола саат да видат колку лајкови имаат
и конечно го викнаа келнерот
-Добар ден,повелете, што ќе нарачате?
-за мене 3 капки ладно цедено
маслиново масло, берба 1967-ма
-Одличен избор госпоѓице, а за Вас?
-за мене 50 гр. рендан мармалад
-каков мармалад господине?
имаме од авокадо, амазонска мушмула,
тибетанска боровница, од лосос
-мармалад од лосос?..каков е тој мармалад,
нели од овошје се прави?
-од лосос- дијабетичар, директно од аљаска ни ги
носи Климе со пентата
-интересно, колку кошта?
-180 евра
-многу е тоа
-па да, ама ако немате толку пари
може да подигнете кредит веднаш таму до фискалната
или да ви донесам оригинал коцка кафеав шеќер на стапче,
тоа е само 10 евра
-хмм, сепак донесете ми од кафеавиот шеќер
Келнерот отиде а они си продолжуваат со муабетот
-Како сармите вчера, ти се погодија?
-ауу, тупан сум се направила,
од шоља не станав цел ден,
а ти нели ќе ми се донесеше од чварките?
-Па да, ама сите ги изедов. Претерав,
се скинав од повраќање
-А затоа повраќаше, јас мислев од алкохолот
-Не мори ..(ЖДРИГ).. не повраќам од алкохол
Итн. и слично
Ете зошто никад нема да отворам фенси ресторан
Посетено 11.166 пати