Еврејот што се молел секој ден, 60 години без престан
Локален Евреј секој ден си се молел на ѕидот на плачот. И тоа траело 60 години. Не испуштал ни ден.
За тоа разбрале корпоративно-империјалистичко-пропагандистичките медиуми и правац на лице место да напраат репортажа. Го прашале:
-За што се најчесто молиш?
Одговорил:
-Па за да престане ова лудило и омраза помеѓу христијаните, муслиманите и евреите?
Репортерот:
-И како иде?
Еврејот:
-Па од ден на ден се повеќе и повеќе добивам впечаток дека зборувам само со ѕидот. Односите остануваат на нас луѓето, ние да си ги решиме!
Посетено 1.773 пати