Еднаш му се налутив на животот!

Еднаш му се налутив на животот што дрско си поигра со мојата судбина.
После некое време, тој ми го подари Емил.
Тој не си поигра, само ме насочи и ме подучи. Но, и ми покажа дека за вистинските нешта во животот вреди да се почека.
Му благодарам на Господ, што токму за мене, обична смтничка, чувал еден таков ангел од човек. Човек со срце големо колку планина.
Тој е витез со железен оклоп, а во себе крие една толку нежна и топла душа.
Има насмевка од милион долари, но вешто ја чува само за мене во моите прегратки.
Има поглед кој би го заледил и најтоплиот бран и предупредување кое вели: не почнувај!
Има очи како езерца, мирни, а сепак толку бурни додека ме гледаат и нежно ме соблекуваат.
Има една вистина и една лага во целата наша приказна. Вистината е дека за прв пат доживуваме вистинска љубов, а лагата е дека еден ден таа ќе исчезне.
Вистинската љубов е една, еднаш се случува и е вечна.
Како знам дека е вистинскиот?
Прочитај повторно.

П.с. Го пишувам ова без никаков повод. Не е ни годишница, ни месечнина, ни ништо слично. Поводот е инспирацијата која случајно или не, ја губам од дланкиве. Ми се лизга од раце…

Но, нека… Нека не пишувам никогаш. Само вечно да ја живеам оваа среќа. Оваа среќа на вечноста.

Посетено 627 пати