Е сега што и да кажам џабе ми е

roda[fblike]
Дремам на клупа пред зграда и чекам
некоја девојка да се лизне од мајонезот што
намерно го истурив
па јас како каваљер да и“ помогнам
и после да се фати со мене.. не сум ја пробал
оваа финта порано, можда ќе ми успее ?
До мене седнува едно девојченце од моја зграда,
не знам колку години има ама е ептен пинцур.
„чичко Зоки, ќе ми кажеш како се раѓаат бебиња
само немој да ми кажеш дека
штрк ги носи“ – ме прашува
„зошто, не веруваш дека е така?“
„не..никогаш не сум видела жив штрк
а има милион бебиња“
„во право си, мајките ги раѓаат “
„а како ги прават?… ама без лажење“
„па кога врне дожд таа што сака да биде мајка
излегува надвор и кога ќе ја види најубават капка
ја голта и толку.. и после 9 месеци ќе роди бебе“
„еј што убаво .. види почна да врне, сакам
и јас да бидам мајка“ – кажа и искочи на дождот
„врати се ма ќе настинеш“ –викам по неа
Не ме ферма па станав и ја покрив со јакна
„САКАМ ДА СТАНАМ МАЈКА, САКАМ ДА СТАНАМ МАЈКА“
-почна да вика на цел глас
Случајниве минувачи не’ гледаат па почнаа да ми викаат
„остави го девојчето бе манијачиште ниедно“
„ма не сум јас само…“
Не ме ни дослушаа, ми се нафрлија и бумбар ме направија
Таман престанаа девојчево целата пресреќна пак почна да вика
„Мајка, ќе бидам МАЈКАААА“
Пак ми се џитнаа овие, среќа што дојдоа џандари
да ме уапсат па се спасив
Добро де и они малку ме тепаа ама културно,
не се споредува со ќотекот на моите мирољубиви сограѓани.
После неколку месеци еве ме на суд,
конечно ќе можам да им објаснам и да ме пуштат.
Влегува и девојчето како сведок
и што да видам – трудна е!!!
Не ми се верува, не, не е можно,
сега што и да кажам џабе ми е, сум наебал
Посетено 1.698 пати