Џамлии

„Од кога ми раскина времето више не постои за мене“
„ај не обесувај“ – ми одговори
„стварно, еве саатот ми застана на 28 јан 2014-та“
„а бе идиоту тогаш падна по скали и го скрши“
„аха..а што плачев?“
„па плачеше кога ти ги фарбав очите зелени со темпера,
ама ти така сакаше“
„а што сечев вени?“
„тоа кога не знаеш да се фиксаш па лом се направи“
„а што го извадив срцето и ти го дадов?“
„па заедно го јадевме, ти текнува?
ама џабе го динставме 2 саати, камен тврдо ти беше “
srceto na panker_majkatiitatkoti
„а јетрата?“
„што јетрата?..си ја исцеди и ја пиеше, мене капка не ми даде
а и не ти раскинав тогаш него на 31-ви“
„е како не?“
„да, ама многу беше пијан па не се сеќаваш“
И додека ние овака безвезе разговараме
во близина на железничка Сашо и Цветко
играа џамлии иако се забраенети со закон
За нивна несреќа некој станар ги видел
и ги пријавил во полиција.
Дошол џандар и им ги запленил џамлиите
и децава збунети почнале да му викаат
„чичко пушти леткииии’
а овој уште позбунет извадил пиштол и ги убил
Е тоа дадоа на вести, а за моето раскинување ни 2 збора
Посетено 1.164 пати