Дури и на сон ми избега…
Не дека те бркав, но дури и на сон ми избега.
Исто како и во врската, бегаше иако никој не те бркаше, бегаше како од чума кутриот, синкир ќе те префатам.
На крајот секогаш се враќаше…
Среќна, весела, си пешачев по планини, чекорев низ води бистри кога наеднаш во сонот ми ги замати, планината се претвори во ладно, темно и влажно место.
Се појави како таа замислена твоја чума од која постојано бегаше, но разликата беше во тоа што беше реален.
Ма што зборувам јас, сонував.
Емоциите ти беа реални или пак веќе видено, дежа ву, можеби ми се причинило.
Те погледнав стаписана, а ти го оттргна погледот на страна како да не ме гледаш, исто како и секој пат кога ќе ме сретнеше после раскинување.
Фалеше уште цигара да запалиш и да ја угасниш со ногата пред мене покажувајќи ми колку си маж, ја стапна цигарата ЕЈ!
МАЖИШТЕ…
Браво, алал да ти е, никој не може да го направи тоа, останатие ја гаснат од јазик, знаеш?
И така ме гледаше сецкано на сон, полека се оттргнуваше од мојот пат, ме размина, а јас глупава како и секогаш се завртив да видам на каде се движиш.
За тебе ми беше, да не се загубиш, сепак мој е сонот, ти си само гостин во него, како гостин во голема непозната куќа која смрди на труло, со излитени теписони и стар мебел.
Такви се нашите спомени впрочем во мојата глава, мала компарација.
Да си ебам мајката си реков, пак избега, дури и на сон ми избега, копиле смрдено.
А знаев, знаев дека би потрчал назад, само да свирнам, но не сакам, не сакав да се разбудам себеси, сакав да те гледам како заминуваш без да се свртиш назад.
Сакав да уживам во сознанието дека секогаш сум во право, секаде си ист.
Дури и на сон ми избега…
Посетено 2.144 пати