Downloading In Progress

[fblike]mozok_majkatiitatkoti

Ми се јавија од ФБ
да си го сменам мозокот
или ќе ме исклучат доживотно
„е добро бе чичко ФБ што му фали
на мојов мозок?“ – културно си прашав
„глуп е, осетлив, полн со емоции,
до даска заљубен и нема појма физика“
„ е добро де што има лошо во тоа?“
„уфф, колку има, не си свесен“
„и вероватно поубаво ќе ми биде
ако го сменам мозокот?“
„еве инсталирај го овој мозок и се’ ќе
си биде како што треба“
„чекај… ти нормален си? ..да инсталирам мозок од свиња?“
„па да, имаш некој проблем?“
„па сега!!!… сакаш да бидам свиња????“
„ама ти секако си свиња,
свињиште најглупаво на свет,
дибидус мутаво свињиште
со говорна мана, клемпави уши и
подочњаци на три спрата
ама не си свесен за тоа“
„офф, ај ок, знам дека си имам проблем,
вероватно си во право
ај ќе те послушам“ – конечно попуштив
И така драги пријатели моментално сум
во downloading свињски мозок in progress
и ако ме нема на ФБ има некој проблем
со даунлодирање, error 243/6
Посетено 750 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!