ДОНИРАЈТЕ ПАМЕТНО!!!

Доколку веќе сте решиле да помогнете на Босна и Србија, донирајте паметно!!!!

donirajte pametno za bosna i srbija_majkatiitatkotiВАЖНО!!!

ДОНИРАЈТЕ ПАМЕТНО!!!

ГАРДЕРОБА
: Приоритет е чиста долена облека и чорапи!!! Oстанато бргу се собира, ова секогаш фали. Не е срамота да дадете носени чорапи. важно е да се чисти и суви.

ЗА БЕБИЊА
: Бебињата не смеат да гладуваат! Кој има пари да купи нешто, нека купува бебешка кашичка, формула, млеко во прав, пелени и останати хигиенски продукти.

ХРАНА
: Тоа што може да потрае! Конзервирано, во тетрапак, флаширано, долготрајно, со подолг рок на употреба, да може да се конзумира без термичка обработка! Не трошите пари на грицкалици, размислувајте за количини!

ХИГИЕНА
: Влажни марамчиња, гел за суво миење раце, асепсол, тоалетна хартија, пелени за возрасни, влошки и тампони!!! Во овие услови во колективните центри нема можност луѓето да се бањаат, треба да сме практични.

Се што ќе донирате е добредојдено! Ова се само мал правец за оние кои имаат волја да помогнат во роба.

Фејсбук статус на Александра Каран

Посетено 3.689 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!