Доколку вашата врска пропаѓа, еве што треба да направите за да ја спасите

Врските не се тешки. Навистина не се. Луѓето се тешки. Луѓето ги комплицираат работите. Тие ги зезнуваат сите работи и прават грешки. Тие лажат и изневеруваат. Тие ветуваат и после ги кршат ветувањата. Луѓето пропаѓаат, а не врските.

Некои врски пропаѓаат уште од самиот почеток. Некои работи во животот едноставно се такви какви што се. Ние ништо не можеме да направиме за да ги измениме.

Но, многу врски пропаѓаат не затоа што луѓето не се во право во меѓусебните односи, туку затоа што не вложуваат напори за тоа да успее.

Можеби ќе кажете не сте подготвени. Можеби ќе кажете дека можеби не сте на вистинското место во вашиот живот, можеби не е вистинското време, можеби ќе ви треба повеќе време за да се фокусирате на вашата цел која ја имате во животот. И сигурни сме дека некои од овие изговори се точни.

Но, се се сведува на еден едноставен факт и тоа: ВИЕ не се трудите. ВИЕ не сте на вистинското место. ВИЕ сте тие кои постојано се фокусираат на своите замисли. ВИЕ сте тие кои му раскинувате на кутрото момче или кутрата девојка.

Некои врски не можат да бидат спасени, но многу и можат. Па…како? Како да ја спасите врската? Како да останете со некого заедно кога работите почнуваат да се распаѓаат?

Единствена работа која треба да ја направите е да и дадете шанса на врската. Треба да се обидете да ја спасите.

Потребно е да се обидете да успее таа врска. Потребно ви е да бидете искрени, забавни, нежни и љубезни како би успеале да ја спасите таа врска. Многу е едноставно.

Можеби мислите дека постапувате правилно. Но, грешите.

Во реалноста, дозволувате на вашето его да го извади најдоброто од вас. Мислите дека вашата врска е тешка затоа што сте влегле во партнерство. Повеќе не сте ЈАС туку сте НИЕ.

Кога ЈАС ќе стане НИЕ, што ВИЕ ќе сакате не е повеќе важно. Очигледно се појавува проблем кога она што ВИЕ го сакате не се совпаѓа со тоа што го сака вашиот партнер.

Кога тоа што го сакате и тоа што е потребно на вашата врска се разликува од сето тоа што го сака вашиот партнер, што правите во овој случај?

Компромис. Компромисот е клуч на секоја врска. Без компромис, врската станува еднострана и во тој случај се прават работите како посакува само една страна. Другата страна ќе го чека да дојде вистинскиот момент за да и возврати.

Доколку сакате да ја спасите врската, потребно е да дозволите и вашиот партнер да оди по својот пат.

Ќе мора да се потрудите да гледате филм кој никогаш не би го гледале во вашиот живот. Ќе мора да одите на некој настан на кој никогаш не би отишле доколку се прашувате вие.

Потребно е да научите дека да се биде среќен не е доволно. Има и многу други важни работи освен тоа.

Треба да се фокусирате повеќе на среќата на партнерот отколку на вашата.

Вистинска љубов значи да сакаш некој толку многу што единствен начин да бидеш среќен е да го направиш твојот партнер среќен. Доколку сакате вашата врска да успее, потребно е да имате ваква љубов.

Можеби оваа љубов ќе ви изгледа еднострана. Но, не е така. Кога ќе се фокусирате на среќата на вашиот партнер, вашиот партнер потребно е да се фокусира на вашата.

Потребно е да бидете пријатели меѓусебно, советници и најголеми фанови.

Кога работите ќе станат тешки во врската, преферираме да си дадеме малку простор и да се повлечеме. Се фокусираме на тоа како ја гледаме таа врска. Се фокусираме на сите работи кои ги чувствуваме дека не ни успеваат, најчесто тоа е на негативните работи.

Како очекувате нешто да успее и да се смени кога не разговарате за проблемите? Како очекувате проблемите да бидат решени без да ги споделите своите чувства еден со друг?

Престанете да се фокусирате на негативностите. Научете да бидете позитивни. Вашата врска нема да има шанса доколку ги отфрлате проблемите. И доколку сте се откажале од врската како тогаш можете да кажете дека се обидувате работите да успеат?

Потребно е да дадете се од себе за да бидете тим

Да бидеме искрени со вас. Понекогаш не сте само вие проблемот. И двајцата треба да се потрудите да успеат работите. Потребно е да бидете тим.

Можете да го живеете сами животот, но не ви препорачуваме. Не дека не можете тоа да го направите, но ќе ви биде многу потешко.

Животот и така е неверојатно тежок, па зошто би го направиле уште потежок? Да имаме некој до нас е тоа што не прави хумани. Тоа не значи дека треба да живееме сами. Потребно е да сакаме и да бидеме сакани. Тоа ни е потребно.

Искрено, далеку сте од совршенството. Но, тоа е ваш партнер. Двајцата сте луѓе и ќе правите грешки.

Врските не се лесни, но потребно е да бидете заедно и секогаш да ги делите и добрите и лошите моменти заедно. Потребно е заедно да направите работите да успеат. Престанете да барате изговори. Престанете да барате причини зошто треба да се откажете. Напротив, најдете причина за да врската успее.

Потребно е и двајцата да го дадете најдоброто од себе за да успее вашата врска, доколку не го направите ова, вие сами ќе сте виновни за неуспехот на вашата врска.

Посетено 9.728 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!