Дојди да остариме заедно…ако смееш

dojdi da ostarime zaedno...ako smees

Ќе се родиш, веројатно во маки, ако немаш врски, ако не поткупиш
некој “бабец” или бабица. Па, ќе ти се радуваат, ќе те пазат,
ќе те гушкаат, ќе те нацицаат, после ќе јадеш пасирана,
пребрана храна (пребранац, покасно).

Растеш во љубов, те чуваат како вода на дланката, нормално е дека личиш на твоите, паметен си на твоите, ако немаш среќа да те чува добра баба ќе заглавиш у јасли, каде што ќе те шуткаат како глупак (усран и измочкан), следува периодот на “иницијација” во локалната градинка, каде што исто така ќе те шуткаат, ќе те табаат ко вол у купус другарчињата што се по-очаклени, ќе те тераат да јадеш да не речем помија, ама слично е (измешан грав, грашак, компир јанија, боранија, со све лепче у тоа тањирите како од војска, у исто време измешано со салата од цвекла, купус, а бога ми и понекоја ротквица).

Тачно у подне-спиење под принуда, покривање со чаршав по главите, вода забрането, за да не се измочкаш у креветчето, тетките, не-васпитачки, за тоа време ќе акнат по некој галон кафе и по штека цигари, ќе ги дојадат остатоците од ужинките, ручеците, онака “овлаш” ќе ги поминат невините потпрашања за семејствата на децата, и у дваипол, твоите ќе те земат дома (“ручкаше, мочкаше, спиеше, се играше”), за да во топлиот дом сфатат дека си гладен ко слонче, измочкан до гуша, ненаспан ко сезонски радник, а наигран како нова играчка.

Тргнуваш у прво одделение, повторно иницијација во светот на неправдите, летаат петки како метеори, летаат шамари и клоци од децата кои дома ги фермаат како сува шљива, разговори и преговори со наставничките, стекнување на работни навики (само да не учи кампањски), нон-стоп агитирање против дрoгата, цигарите и алкохолот кои веќе ги има во школскиот двор, прво летување у Претор каде што има сe освен вода… Стасување до осмо, “последни” љубови, запишување у гимназија (со врски), почеток на потешките заљубувања и трескања од земја, запознавање со природОтО, општеството и татковината преку алкохол, цигари, лесни опијати и ситна проституција, сфаќање дека мора да носиш фирми и барем 9 милиони долари у кеш за да опстанеш у игра и стигнаваме до факултетот.

Ако имаш пари, нали. Ако не, запослување и заминување у чиновници, продавачки и најбољата варијанта-занает.

Учиш, сфаќаш дека ѓаволот ја однел шегата од релативно безгрижните гиманзиски денови и дека кко не завршиш, не ти се пишуе добро.

Ќе се ожениш-омажиш, твоите-нивните ќе си се распрашаат кој си, чив си, од каде и накај каде гравитираш, ако имаше среќа ќе си најдеш вечна љубов, ако не-не, вероватно ќе си уживате во животот. Ќе си родите деца, пак ќе ги праќате у јасли?…

Истите проблеми, истите глупости од вашата младост, сфаќате дека децата стварно личат на вас. Само, кога ова навистина ќе го сфатите, немојте да почнете да ги тепате, беше грандиозниот совет на легендарниот Душко Радовиќ. Стареете, ги гледате и ептен ги знаете сите неправди и мизерии низ кои сте поминале, а сега ги проаѓаат вашите најмили, но немоќни сте да сторите многу, ако не сте тежок ко брод, или ако не сте во структурите на антикорупциските агенции и агентури, ако сте останале со прстот во уста, со крстот на чело, исто е.

Ќе залепите болести, лесни и потешки, ќе се акате по апотеки, ќе си дишете у врат со колегите по возраст, даj боже да доживеете длабока старост да уживате со внуците и со правнуците, но најстрашната варијанта, која не би ја посакале ниту на душман, е ако (не дај боже) паднете во кревет, немоќни да се грижите за себе. Сте наебале ко жути.

Ќе сфатите дека во нашава Македонија речиси и да не постои институција која за прифатлив надоместок ќе се грижи за вашите танталови маки и која ќе ви овозможи на достоинствен начин да се простите од привремениот престој на Планетата Земја.

На заминување ќе сфатите дека инфарктот или куршумот и не се така деликатни стварчици.

Посетено 4.505 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски