„Дигитален детокс“ за намалување на стресот
Доколку сте едни од оние коишто постојано го проверуваат својот телефон, знајте дека оваа навика може да ви го наруши менталното здравје
[fblike]
Технологијата значително го подобри и го олесна секојдневното живеење а многумина не можат да си го замислат животот без своите смартфони. Во исто време, бројни студии ги имаат опишано последиците од користењето на технологијата, вклучувајќи ги негативните ефекти врз физичкото и менталното здравје.
„Оние коишто проверуваат работен мејл надвор од работното време, покажале највисоко ниво на стрес (ниво 6)“
Дури 86 проценти од Американците се постојано на своите телефони, според вториот дел од неодамна објавениот извештај „Стресот во Америка“ на Американската психолошка асоцијација (АПА). Оние коишто постојано ги проверуваат телефоните и социјалните мрежи, имаат ниво на стрес 5,3 а оние коишто поретко проверуваат имаат 4,4 ниво на стрес, открива анкетата. Оние коишто проверуваат работен мејл надвор од работното време, покажале највисоко ниво на стрес, односно ниво 6. (според мерките од 1 до 10, 1 – малку или без стрес, 10 – голем стрес).
Статистиката говори дека во просек, луѓето минуваат осум часа неделно одговарајќи на мејлови надвор од работното време, што е еквивалент на дополнителен работен ден.
Иако родителите се трудат да ги воспитаат своите деца да поминуваат помалку време на интернет, самите тие, поточно само 28 проценти од нив, прават „дигитален детокс“ односно поминуваат време без телефони и други мобилни уреди.
„Дигитален детокс е еден од најефективните начини за да се регулира стресот којшто е резултат од употреба на технологијата“, истакнува д-р Лин Буфка, извршниот управител на АПА. Оние коишто се постојано на своите телефони, проверувајќи што има ново на социјалните мрежи и проверувајќи мејл, треба свесно да го ограничат времето поминато пред екран. АПА нуди неколку совети и насоки за мали промени во секојдневните навики, коишто ќе не ослободат од стресот предизвикан од претераната употреба на технолошките уреди.
Прочитајте: Нов почеток како можност за продолжување со старите навики
1. Додека возите, телефонот нека ви биде на совозачко седиште и со исклучени известувања.
2. Телефонот нека ви биде подалеку од креветот, бидејќи истражувањата покажуваат дека секој пат кога го проверувате телефонот, сноп фотони патуваат директно во вашите очи информирајќи го мозокот да не лачи мелатонин, хормон кој што има функција да го поттикне сонот.
3. Исклучете ги известувањата на мобилниот телефон, бидејќи тие ви го одвлекуваат вниманието и ве прават хиперактивни. Постојаното проверување на известувањата, значително ја намалува продуктивноста при работата. Според извештајот од АПА, само 19 проценти од Американците ги исклучуваат известувањата од смартфоните.
4. Ограничете го времето поминато на интернет, бидејќи постојат истражувања коишто го поврзуваат времето поминато на компјутер и на социјални мрежи со депресија и тага.
5. Информирајте ги останатите кога одморате, со цел вашите пријатели и колеги да знаат дека не треба да очекуваат брз одговор. Освен тоа, не можете да се релаксирате доколку сте под стрес дека е можно да добиете мејл од шефот.
6. Бидете присутни во моментот. 44 Проценти од Американците коишто постојано се на своите телефони, се изјасниле дека се чувствуваат оттуѓено од своето семејство, дури и кога се заедно.
7. Времето за релаксирање нека не го вклучува мобилниот телефон. Практикувајте „дигитален детокс“ за да бидете поздрави и посреќни.
Посетено 232 пати