Девојки, момците ве сакаат и без вашата порцеланска маска
Запомнете дека ја сакаат повеќе вашата природна убавина
[fblike]
Многу девојки денес не можат да замислат да излезат од својот дом,
макар и до продавница, а да не се нашминкаат
Тие во суштина не се задоволни од својот изглед, што е голема грешка, бидејќи секоја жена е убава на свој начин.
Нормално е дека сите сакаат да изгледаат привлечно, да наликуваат на барбики.
Секоја девојка посакува да може да ги добие тие зачадени очи или совршено исцртани мачкини очи.
Други пак посакуваат поголеми усни, некои не се задоволни од својот нос или чело, и така листата на недостатоци продолжува.
Тоа ги тера да импровизираат со шминката и да испробуваат нови трикови за прикривање на недостатоците.
Сето тоа е во ред…
Нормално, секој има право да го смени тоа што не му се допаѓа кај себе, доколку може.
Но, како да се шминкате совршено и секогаш да бидете задоволни?
Совршената шминка која ќе даде ефект на порцеланска маска на вашето лице е само резултат на често шминкање.
Нормално дека кога едно нешто ќе го повторуваме повеќе пати, ќе ни стане рутина и се полесно и посовршено ќе го извршуваме.
Помалку е повеќе, како што рекла Коко Шанел.
Но, прашањето е дали ви треба таа порцеланска маска зад која ја криете вашата природна убавина?
Бидете тренди, бидете привлечни, чувствувајте се убаво кога на себе имате шминка, но научете да ја сакате и вашата природна убавина.
Покажувајте ја на сите бидејќи вие сте уникатни, а вашето лице е единствено. Никој не поседува физиономија слична на вашата.
Дури ни близнаци немаат исти црти.
И само уште еден совет, не обидувајте се да нацртате бенка, таму каде што нема, тоа дава вештачки изглед.
Или да пробате да ја скриете вашата природна бенка со 2 слоеви коректор и 3 слоеви пудра, токму таа ве разликува од другите и ве прави уникатни.
А според момците, иако се изјаснуваат со критички став кон шминката, докажано е дека машкото око го привлекуваат девојки кои знаат да ги истакнат своите црти, но не и да претераат.
Тие сакаат нивната девојка да биде средена, но во никој случај да личи на кловн.
Нема да им смета ни доколку излезете без грам шминка.
Запомнете дека ја сакаат повеќе вашата природна убавина отколку порцеланската маска зад која се криете.
Извадете ја…
Посетено 1.833 пати