Дечки, абе каков Бон Апетит, гледај шо си ми донел, каква е оваа..

Ме води девојката у елитен ресторан (а ја научен по биртии)
Ќелнерот послужувајќи:
-Бон Апетит!!!
Ја:
-Дечки, абе како бон апетит бе,  уместо чинија си донел сателитска антена со 20 грама истрчани полжави гарниран со стадионска трава и сос како врапче да се е покакало. Абе реков ребра у фурна, алоооо

И ете, девојката веќе мажена е подолго време со друг, деца, кариера, мидал роустед стеци по елитни ресторани, тенис у недела, па мобинг на работа, стрес, па психосоматиката проработи, хипертензија, анксиозност, нервна напетост, проблеми у бракот, детето тауми, сопругот пие па ги тепа. Абе милина…

Посетено 1.677 пати