Дај шанса за нова романса

dajte-sansa-na-nova-romansa-1Многу личности после попарувањето со млекото, дуваат на маштеницата, односно од себе ги дуваат вистинските личности поради погрешните
кои ги изгореле.

Но, зошто да биде тоа така, кога може да биде обратно, погрешните дувнете ги подалеку од себе, а овие вистинските обидете се да ги задржите во вашиот живот, засекогаш.

Наместо да поставувате критериуми во небо кои знаете дека никој нема да ги стигне, поставете критериуми по свој вкус кои ќе одговараат на вашиот живот и вашите особини.

Барајте некој сличен на вас, не барајте феномен, не барајте совршенство бидејќи не постои, ниту вие самите сте феномени, совршени.

Барајте човек, обичен човек кој ќе ве сака на негов необичен, уникатен начин.

Кога ќе го најдете или тој ве најде вас, не отфрлајте го од страв да не ве попари, можеби тој е оној вистинскиот кој ќе ги дувне сите ваши грижи, сомнежи и солзи во минатото.

Можеби тој некој е човекот што ќе се грижи за вас и ќе ве сака неизмерно секој ден искривувајќи ја таа права линија на вашето лице наречена насмевка.

Затоа наместо да игнорирате, тестирате, искушувате, глумите недостижни и недостапни, сакајте со цело свое срце, како да сакате за прв пат, предадете се целосно, без резерва.

Само така повторно ќе ги почувствувате пеперутките во стомак без да посакате да се напиете инсектицид.

Дајте шанса на нова романса, без разлика колку сте повредени, можеби таа нова романса ќе ве натера да се преродите и да се чувствувате како нов, неотпакован поклон со панделче на срцето.

Посетено 4.198 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!

The Seven Deadly Sins Episode 24 at website https://gogoanime.be tokyo ghoul gogoanime

Attack on Titan: Lost Girls (https://kissanimeonline.com/m/QVmd) Episode 3 at KissAnime yuri on ice kissanime