Да му бидиш дом на тој шо го сакаш
[fblike]
Ако дом не му дајш на чоек
ништо не си му дала
ништо!
зборојте се ветар и магла
допирот се одмива и кожата стареј
песните не ќе ти живеат вечно
ама домот…
огништето ќе остани да грее
и кога жарот во него ќе изгаси
зато на чоек дом да му дајш
и не да му наместиш одаја чупе
ниту да ја украсиш со витрини
во кои со години стаклените украси
прашина ќе фаќаат и ќе самуваат
и не да купваш скапи сервиси и лампи
од кои никој не ќе руча и виделина ќе нема
дом да напрајш
телото и душата да ти закуќат
да му бидиш куќа на тој шо го сакаш
да му бидиш место кај шо ќе се одмори
кај шо ќе здивни од животот
и кај шо од смртта не ќе се плаши
да прилегни ко дремка ќе го фати
да е слободен и свој
таков дом ако напрајш
куќа од цигли и малтер не ти треба
душата стокми си ја за двајца
полна шарени навезени прекривки
и расфрлани перничиња
за поубо да е
помеко да ви биди
и врата не клавај
остај си го срцето отворено
порта за таму не ти треба
оти чоек ко сака без кусур да фаќа
клуч за љубов не му треба
ниту катанец за да знај оти сам не е
остај го чупче срцето широко и отворено
остај за да знај оти со сила не го држиш
оти слободата ја има
оти и ние луѓето ко пилиња во кафез сме
ако некој во градите не’ клај
и да излезиме не ни дава
оти и луѓето црцорат ко пилињата
ама и за навек занемуваат
ако во решетки ги затвориш
и џабе храна и вода
кога гладни и жедни за воздух умираат
џабе љубов
ако љубовта железни прачки има
та на ширење на крилата ковчињата се кршат
отвори си ја душата
срцето отвори го
и немај страв чупе
туку од себе дом напрај
за себе
да имаш и ти каде да се вратиш
и од каде некаде да појдиш
и некој кај тебе да дојди
да се закуќите заедно
да ви биди убо
и очите да ви се смејат
оти љубов на зборој не е љубов
ниту слободата е мир ако во кафез си
та бил и златен, кафез ќе си остани
напрај се себе куќа за твоето пиле, пиле мое
и тој за твоите крилца место во душата да има
оти ако дом не му дајш на чоек
и ако дом за тебе во себе тој не напрај
ништо не сте си дале
ништо
чупе мое, пиле мое
Посетено 1.309 пати