Цената на еден успех е илјада неуспешни обиди

Луѓето со немирен дух се обично луѓето кои највеќе ќе успеат и највеќе ќе потфрлат. За нив не постои „безбедна варијанта“. Тие не одат на сигурно. Не одат по обележана територија, по познатите и добро истражени патишта. Немаат резервен план. Одат на се или ништо.
tunel
[fblike]
Тоа се тие кои ги поместуваат границите на возможното. За нив „невозможно“ е мотивација и предизвик, а не рампа. За нив не постои прирачник за живот. Напротив, според нив се пишуваат таквите прирачници. Не очекувајте од нив да си легнат во нормално време. Неее, за нив нормално време за одмор е кога осигурачите ќе им прегорат од замор. Тие не се плашат да направат тотални идиоти од себе. Не се плашат од потсмев и хејтање. Не, тие се свесни дека цената на успехот е токму тоа. Ќе им застане планина на патот – ќе направат тунел. Ќе им застане на патот река – ќе направат мост. Ќе се загледаат во небо, и немајќи крила, ќе измислат авион. Другите отпрво ќе ги прават ненормални, потоа ќе им се потсмеваат, а на крај ќе им прават споменици. Овие луѓе не престануваат да се движат. Да импровизираат. И да не се откажуваат, дека знаат – цената на еден успех е илјада неуспешни обиди. И којзнае, можеби земјата се врти токму поради нивните одлучни чекори? Дека никој не станал некој и нешто со лежење на топличко и мразење на цел свет како целодневно хоби.

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/dragan-tanevski-page/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

595х90 px-01

Посетено 1.616 пати