Чекај ме секој ден, јас сигурно нема да дојдам

cekaj-me-sekoj-den-jas-sigurno-nema-da-dojdam-1Што си е сигурно си е сигурно, ден за ден, можеш да си чекаш,
бидејќи јас…сигурно нема да дојдам.

Постојат момци кои секогаш пишуваат ливче со мал придонес, а сакаат да фатат голема пара, познавате ли вие такви?

Јас знам еден куп, на куп…

Но, уште едно нешто знам за тие таквите, дека секогаш ги паѓа ЕДНА утакмица, онаа најважната, за која мислеле дека е неважна и прва ќе влези, секогаш НЕ влегувала последна.

Ваквите момци имаат сличен, да не речам ист љубовен живот како оној со ливчињата и кладилниците.

Влегуваат во врска или едноставно сакаат да легнат нешто без љубов и ниту малку сериозност, мислат дека девојката со која се во врска или врска без врска не им е важна, но на крај секогаш баш ТАА неважната станала најважна и го заебала за сите пред неа.

Доколку налетате на некој ваков, од типот на мачо момци кои се пи*ки во душа, бидејќи реално за да го направиш тоа што тие го прават треба да си слабак, бегајте што подалеку од нив.

Бегајте од слабаци бидејќи тие секогаш ќе се обидуваат нивната слабост да ја префрлат на ваша совест, едноставно ќе ве манипулираат со својата слабост, од типот “Не сум дечко кој изразува чувства, ако сакаш остани со мене и сакај ме каков што сум, не сум романтичен, не сум внимателен, не сум нежен, не помнам важни датуми, не сакам сериозни врски, ни на крај памет не ми паѓа брак, БРАК?

Всушност не дека не се такви, се плашат да го направат тоа за кое викаат дека не можат бидејќи не се такви или едноставно во најлош случај ве имаат сфатено како за на мајтап.

Нив никогаш не можеш да им најдеш НЗС, а тоа е резултат на нивното претходно искуство со девојки на кои тие не можеле да им најдат НЗС и ги заебале за сите пари.

Кога ќе наидете на ваков или сте веќе во врска или брак со него, напуштете го и кажете му дека може слободно да ве чека, секој ебан ден, до крајот на неговиот живот, како што чека да фати во кладилница…но, вие сигурно нема да отидете кај него.

Чекај ме секој ден, јас сигурно нема да дојдам.

Посетено 5.322 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!