Болката од љубовта кон некој кој треба да го напуштите е за доброто на двајцата
Запознав жена која ми го промени животот. Без неа, веројатно немаше да бидам она што сум сега. Тоа е она што љубовта му го прави на човекот- те променува и те насочува на друга патека.
Некои љубовни приказни имаат среќни краеви, двајцата ги поминуваат животите заедно, заедно стареат и заедно си заминуваат од овој свет. Во ваквите случаи, промената којашто двајцата ја прават еден за друг е јасно видлива, нивните животи не би биле она што се ако не ги поминат заедно.
Она што го научив е дека без оглед на тоа дали ќе го поминете животот заедно или не, откако ќе ја пронајдете вистинската љубов таа секако ќе е со вас. Таа ве променува и продолжува да ве менува со текот на годините.
Вистинската љубов може да биде неизмерна- особено ако ви се случува за прв пат. Јас се сеќавам колку неверојатно возбудливо беше. Секој миг беше исполнет со љубов и пријатни мисли. Денот беше посветол. Светот- пошарен. Животот изгледаше пожив од било кога претходно.
Тогаш бев најсреќен во мојот живот и сигурен сум дека не сум единствениот во животот кој се сеќава на слични искуства.
Но, не беа добрите времиња оние кои ми оставија толку траен впечаток. Се разбира, сеуште си споменувам за сите тие добри моменти од време на време… но, не беа смеата и насмевките оние кои ме променија најмногу. Токму тие болни спомени кои ги надвладуваат добрите ја променија мојата реалност.
Трудете се повеќе и ќе добиете награда ако успеете или казна ако не успеете. Сепак и покрај тоа што можеби не можете да научите некој дури и ако примените болка и казна, кога ќе си нанесите болка на самите себе- е тогаш ќе научите доста брзо.
Проблемот со болката која доаѓа од губитокот на вистинската љубов е што е потребно време за да се оформи, да се надгради и да се оствари. Нема да ја научите лекцијата веднаш откако некој ќе ви се скрши срцето. Кршењето на едно срце не е еден единствен момент- срцето има можност да се крши и распаѓа речиси бескрајно.
Доброто што произлегува од сета оваа непријатна ситуација е можноста која ја добивате за да научите повеќе за себе со секој поминат ден. Се додека сте искрени со себе, што често може да биде тешко, ќе добиете неверојатно прониклив поглед на тоа каква личност сте станале.
Она што за среќа ви се дозволува е шанса да започнете да ја градите вашата личност онаква каква што посакувате да стане. Со губењето на љубовта го дознавате вашето вистинско лице.
Ви покажува на што треба да поработите и што да подобрите пред повторно да бидете дел од врска која се заснова на љубов и посветеност. Како и да е, како и кај се останато, доаѓа замка.
Кога ќе одлучите да го промените вашиот поглед на светот поради жена или маж во кој/а сте биле вљубени, новата реалност која ја создавате за самите себе ја има таа личност вградена во својата структура.
Нашите умови формираат синџири кои ги поврзуваат причините и последиците и животот кој го создавате за себе буквално завршува да се придржува на фактот дека некогаш сте биле неверојатно вљубени. Без таа љубов, воедно и радоста и болката која ви ја приредува, веројатно немаше да бидете личноста која сте денес.
Додека се обидувате да продолжите со животот, можеби ќе сфатите дека сте успеале од сеќавањата од минатото да направите трајни слики.
Гледано на неодредено, никогаш не можете да си се извлечете од љубовта неповреден- без оглед како ќе заврши врската. Не е ниту добро ниту лошо, едноставно е онака како што е. Се што можете да направите е повторно да се обидете да побарате љубов.
Знаете дека треба да го оставите минатото позади вас, за доброто на двајцата, а единствениот начин на кој можете да го направите тоа е да најдете друга љубов. Голема е веројатноста дека таа изгубена љубов нема никогаш да си замине од вашиот ум, сеќавањата ќе излегуваат на површина од време на време, но тоа пак и не е толку лошо.
Врската која некогаш ја имавте од вас создаде подобра личност, онаква каква што сте денес. Љубевте, се смеевте, плачевте, го променивте животот. Не сакате никогаш да го заборавите минатото кое ве научи на овие неизбежни лекции.
Иако можеби ќе ви биде потребно време, секогаш постои надеж дека некогаш ќе ја пронајдете вашата љубов. Новата љубов ќе најде начин да ја прекрие онаа старата, изгубена љубов. Се надевам дека еден ден сета болка ќе се претвори во убави сеќавања на кои ќе се навраќате со насмевка и чувство на носталгија.