Близначиња големи колку ќебапчиња
Толку сум гладен што ми се чини
дека и ѕидовите ќе ги излижам
ама џабе, ги излижав прошлиот пат
Еј па да, после тоа си купив мајонез,
како не ми текна порано
Ја отварам тубата , ја стискам, нешто тешко ми иде
Земам клешта, прискам со цела сила
и наеднаш од тубата искочи мала жолта куќа
со паркирано Југо пред врата
МММ, баш чудно што се може да собере во еден мајонез
Го дигам покривот и во дневната гледам
трудна девојка како чита „Однесено од вијорот“
Глупача, сега ќе ја изедам
Уствари многу да не ми е, ај само бебето ќе го изедам
И’ го отварам стомакот..внатре близначиња, големи ко кебачиња
Супер, нив ги голтнав а мајката ја ставив во
фриз, ќе ја чувам за друг пат кога ќе ми се пријаде
Сега едно пиво и таман да дремнам малку
пред искачање
Ме буди некаква галама и ги гледам
близначињата што ги изедов како скокаат на јаже
-Еј бебиња како искочивте?
-па спиеше со отворена уста и така…
-е па сега пак ќе ве изедам
-хаха, не можеш, немаш црева
-како немам црева?
-ти ги извадивме, го гледаш јажево?
-да..еј не ми се верува, па тоа се моите црева
само да ве фатам ќе ве скршам, ама не можам сега
уште сум поспан
-а може ние уште да си играме?
-ма може, уствари супер сте направиле што ми ги
иЗвадивте цревава, и онака џабе ми фаќаа
место во стомак,
сега имам повише простор за пиење
Ќе ве частам за ова, ќе ви донесам Чоколино
кога ќе се вратам од искачање ако не ги испијам сите пари
-супер..фала чичко…како се викате?
-јас сум Зоки, а вие?
-па немаме имиња, мајка ни треба да ни ги даде
ама не знаеме каде е?
-мислам дека отиде до фрижидер нешто,
а додека да се врати ќе се викате
Бебе 1 и Бебе 2
…………………………….
Се будам од спиење, некој чуден сон сонував
со некои бебиња и …страшно
Него ај да станам, имам пикадо за вежбање
Само што е ова, некој ми ги врзал рацете и нозете со јаже
Упсс, па не е јаже, црева се
Не е ваљда…
Во секунда скроз се расонувам и од другата соба
слушам детски гласови – „мамо, мамооо, каде си“?
Сепак тоа е, не било сон
Посетено 970 пати