Бизнисот на Кларк Кент

Претпријатие за спасувачки услуги „Супермен и пријателите ДООЕЛ“.
klark-pocetna_majkatiitatkoti
Кларк Кент на 23-ти октомври пред неколку години отвори семкарница карши „Рекорд“ али немаше доволно кеш, па реши да го пренасочи
бизнисот и отвори Претпријатие за спасувачки услуги „Супермен и пријателите ДООЕЛ“.
По месец дена реновирање го начека и првиот муштерија, кој влезе, се насмеа злобно под неизбричениот мустаќ, ја спушти француската шапка со перче изработена од чиста кожа, се насмеа уште еднаш злобно под другиот неизбричен мустаќ, се сврте под агол од 64 степени и излезе на раце.
Си ја стави пак француската кожна шапка, овојпат без перче, и замина.
Во тој момент во близина помина продавач на еден весник со шише вода во раце, кого Кларк Кент, изнервиран, го погледна под око.
Овој се препна, подголтна, плукна една капка од водата што му беше во уста, се сврте во полукруг, и запрепастено му викна на Кларк Кент:
– А бе ти знаеш ли кој сум јас!? Имаш ли грам совест бе! Како не ти е срам така да зјапаш бе! А бе…
Кларк Кент имаше проблеми со грлото и поткашла.
– Па се дрзнуваш и да прекинуваш бе! А така ли? Е ќе видиш после на директорот на весников што ќе му кажам! Братучед по на мајка ми вториот братучед старосватот ми е! Ќе видиш и ти и пријателите твои!
Зеде лист и почна да запишува.
– Су-пер-мен-и-при-ја-те-ли-те! Е така. Ќе видите сите. Ќе видите дека ќе видите! Бандо хохш… хохшт… хохшхта…
– Хохштаплерска.
– Хохштаплерска. бе! Ма има да ве нема од тука бе! Ова е центар на градов, центар на државава, а сите знаеме колку државава отиде напред последниве години.
Приходите за 2014-та изнесуваат 158 243 000 000 денари, 148 832 000 000 од изворни приходи, 5 290 000 000 од капитални инвестиции и 4 121 000 000 од донации, додека вкупните расходи изнесуваат 176 514 000 000 денари, што всушност значи дека дефицитот изнесува 18 271 000 000 денари.
Порастот на бруто-инвестициите изнесува 7,5% на реална основа, кај извозот на стоки и услуги забележуваме раст од 6,2%, а вкупниот раст на увозот изнесува  ни повеќе, ни помалку, ами 5,6%. Номиналниот раст на БДП во 2013 беше 7%, а реалниот 2,7%, годинава се прогнозира до 3,2% реален раст, а од година проекциите на Светска Банка се над три и пол проценти.
– Како се викаш бе?
– Раде.
– Еј, Раде, ај биди на три и пол и не замарај.
– Добро, нема повеќе. Поздрав и имајте убав ден.
Утредента на насловната страна на сите весници пишуваше „ШОКАНТНО: Супермен и пријателите – организација спонзорирана од тајни друштва, меѓу кои „Светлосива Ружа“, „Череп и остеопороза“, „Не за абортусот на малите сини пингвини“,„Редот на белите пигмејци“, „Почитувачите на делото на Драги Шпага“ и „Сите ние кои сме таму кадешто сме“.
Од другите вести пишуваше: „Од другите вести, економијата во 2016 ќе има реален раст од 4 проценти, во 2017 – 8, во 2018 – 16 и , во 2022 – 32, во 2034 – 64, во 2055 – 128, а во 2056 ќе настане Третата и половина Светска Војна“.
По неколку часа, Кларк Кент целосно банкротираше, мораше да затвори и да се трансформира во Супермен.
Супермен исчезна на 25 ноември.
Легендите велат дека, додека летал, ја преминал границата на црно и оттогаш радарите престанале да го следат.
Некои велат дека одлетал преку океанот, иако не можеа да го видат тоа, така што, според други, стануваше збор за политички-мотивирани шпекулации.

Автор: Стефан Марковски

Посетено 956 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (https://animeplanet.cc/m/rvvP) Episode 1-2 Fansub at website https://animeplanet.cc anime planet overlord

Watch The Irregular at Magic High School Episode 21 at website https://animefreak.ws animefreak hunter x hunter