„Биде“ Не Е Када За Играчки, Ама Ај Објасни

bidet_za igracki
Ја чувам ќеркичката на девојка ми кај неа дома додека
она е некаде низ град, плаќа сметки.
Да не и’ биде досадно си играм нешто со неа,
уствари не е дека си играм, јас само мирно
стојам а она ме гаѓа со пикадо.
Ама јас сум глуп што и’ ги купив, требаше
некоја обична Барбика што знае да скока ластик.
Жива среќа се појавува татко и’,
задишан од огромниот пакет
што го носи
„еве ти носам поклон“- и’ вика
„а што е тоа што си ми купил?“-видно возбудена го прашува
Додека он го распакува пакетот користам ситуација
да ги извадам пикадата од мојава глава
и поголемите дупки да ги пополнам со скршени шкорчиња
„Еве“- вика „ова е када за твоите играчки“
„леле фалаааа татоо“- пресреќно е девојчето
Се вртам и што да видам, кадата за играчки е уствари БИДЕ
„а бе смотан, БИДЕ е тоа, не е када за играчки“
„е како не, ти па во све се разбираш“
„не во се’, ама БИДЕ знам како изгледа, имам дома“
„ма немој, оригинал када е само во
помала варијанта, за играчки или џуџиња,
него батали тоа сакаш ракија да пиеме?“ – ме прашува
„со мене?“
„е не со ќерка ми, кое глупо прашање!!“
„може,зошто да не“
„ама и јас сакам“ – се вмешува девојчево
„не може мала си“
„па што ако сум, во градинка скришно си пиеме“
„добро ако си запнала“ – попушти татко и’
После некое време пијанчење се будиме
јас сум заспал на маса,
он под маса.
Некако се освестуваме, иако со тешки маки
и капираме дека девојчето никаде го нема?
Од толкав мамурлук едвај го приметивме
ливчето од мојата сегашна а неговата бивша со текст:
„ја однесов Ања на инфузија па во игротека
а вие божемски пијаници најбоље
да се фатите, ептен си одговарате“
Се гледаме онакви буљави
„ама не сум педер“- ми викам
„па ни јас не сум“ –одговара
„знаеш што, овде испивме се’ што имаше
ај да идеме во кафана
да ти раскажам како се мував со неа додека
бевте во брак“ – давам предлог
„ај, и онака се осеќам недопиено“ –се сложува
Додека кривудаме до првата кафана го прашувам:
„кај не’ најде она нас двајца од толку машки на светов?“
Ама нема одговор,
го гледам му се извинува на трансформаторот
врз кој повраќал
Ај после ќе го прашам, ако не заборавам
Посетено 2.147 пати

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE

AniWatch: Interviews With Monster Girls: The Demi-chans' Summer Break (Dub) anime episode Full online free at https://aniwatch.pro anime online

Website https://animebee.to: Watch Dongguo Xiaojie animebee Episode 15 english anime

Website https://gogoanime.be: Watch Battle Athletes Victory ReSTART! gogoanime Episode 12 gogoanime god of highschool

Pbase: https://pbase.com/gogoanimebe/profile

Roomstyler: https://roomstyler.com/users/animeflixnl