Бетонот Кој Впива Вода Е Изум Што Може Да Нè Спаси Од Поплавите

[fblike]

beton_majkatiitatkoti
Поплавите минатата година буквално уништија дел од југоисточна Европа, а меѓу погодените земји беа и некои бивши
југословенски републики
Водата носеше се пред себе, куќи и човечки животи, а најлошото е што никој не може да гарантира дека такви сцени нема да гледаме во иднина.
Но изумот на компанијата Tarmac сепак дава трошка надеж за подобро решение.
Нивната надеж се нарекува Topmix Permeable, а тоа е порозен бетон што може да апсорбира повеќе од 3300 литри вода во минута.
Таквиот бетон, каде и да се постави, може да спречи поплави, а првичната намена му е да ги спаси урбаните области од водена поплава.
Патишта, паркинзи и јавни гаражи со овој бетон може да бидат целосно безбедни и проодни за време на поројните дождови.
Системот функционира така што низ порозниот слој од бетонот ги пропушта големите количини на вода во слојот од камења и чакал преку кои врнежите одат директно во подземните води.
Бетонот има способност и да сочува одредени количини на врнежи.

[quote align=”left” color=”#999999″]Патишта, паркинзи
и јавни гаражи
со овој бетон
би можеле
да бидат целосно
безбедни и проодни
за време на силни
дождови[/quote]

.

Интересно е дека за време на неподносливите топли денови овој бетон е поладен од обичниот, а неговата слабост би можела да биде проблематична во областите каде што преовладуваат пониски температури, бидејќи многу ладна вода може да предизвика оштетувања.
Посетено 2.003 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!