БАБО, БАБООО, АЈ ДА ЈА УБИЕМЕ МИЛКА

Имав еден неуспешен обид да живеам здраво,
оној кога со цел памет се запишав на јога
и заврши катастрофално
Сега ќе се префрлам на здрава, храна..домашна, селска
Отидов кај баба ми на село
и влегов право во гаражата кај што е паркирана кравата
„Здраво Милка како си?“-ја прашувам
„Еве пасам сено “- и ме гледа како теле
„Ааа гледам дека си добро, и нов рог си купила“
„Каков рог?“
„Па оној што ти го исеков кога бев мал“
„А ти мислиш на пра-пра-пра бабами Милка
јас сум и’ чукун внука, Милка VII“
„Еј а што стана со неа, да не е на бања?“
„Не, ја заклавте и ја изедовте“
„Ау даа, се сеќавам,
многу вкусна беше, ти честитам“
„Фала, да ти се врати и тебе со баба ти
него зошто дојде?“
„Е па да дојдов да ми наточиш млеко,
ми се пие здраво, без антибиотици, афлатоксини и сл.
Не го мешаш со вода нели?
„Како прво –не го мешам со вода
„Како второ- ме гледаш дека имам раце?
„Не, немаш..само 4 нозе..глупости“
„Е па како да ти наточам ?..сам ќе си земеш„
„Како?“
„Ми ја гледаш цицката?“
„Да…добра цицка држиш, мада имаш чудни брадавици“
„Фала..и не се викаат брадавици,ама ај“
„Како се викаат?… славини?“
„Ај не е битно.. наточи си млеко од која славина сакаш“
„А која славина ти е за чоколадно млеко?“
„Што ти е на тебе, какво чоколадно?“
„Па на рекламите гледам како крави даваат
чоколадно млеко, јогурт и сл“,
„Е не знам за такви крави, јас давам само обично млеко“
„Ајдее, ти си некој стар, заостанат модел,
најубаво да те изедеме“- разочарано и’ викам
„Бабо, бабооо ај да ја убиеме Милка,
ќе купиме некоја хај-тек крава, оваа е тапа“
Milka-elefante
„Еве сега доаѓам“-го слушам нејзиниот глас
Наеднаш нешто оштро ме удри по глава и се струполив
Додека крвта ми искачаше низ уши
а душата низ уста
ја слушнав баба ми
„Не се секирај Милка за него,
ќе им кажам нов внук да ми направат.
Овој беше жив дебил, како порано не го убив?“
Посетено 1.194 пати