Ако добриот стане лош нема да има подобар од него

Добрите не се за потценување, навистина, верувајте тие се подобри од лошите кога престануваат да бидат добри. Зошто е тоа така, знаете ли?

ako-dobriot-stane-los-nema-da-ima-podobar-od-nego-1

Сега ќе ви објаснам со добри зборови кои ќе ви предизвикаат лоши чувства и гадење во стомакот.

Јас по принцип сум добра, но сум подобра кога сум лоша од сите лоши заедно.

Али јебига не сакам да ја искористам таа добрина во лоши цели, сакам да вложам во убаво, бидејќи таквата инвестиција се враќа дупло, а она вложеното во лошо се враќа трупло.

Затоа одлучив да сум добра, но не сум за потценување исто како и сите добри луѓе како мене, а знаете ли зошто.

Затоа што ние добрите имаме мозок за двајца лоши, можеби и тројца заедно, а кога подобро ќе размислам најверојатно сме попаметни од сите кои се прават паметни, а немаат ни П од памет.

Она што добар човек може да ти го скрои, лошиот нема да се сети ниту дека можело да биде направено, бидејќи едноставно не е интелигентен.

Кога лош прави лоши работи тие се клише, од типот на озборување, навредување, физичка пресметка, заканување, лаење, но без касање, глупави работи кои му доликуваат на еден мал, минијатурен мозок.

Кога добар се одлучи да прави лоши работи или барем замисли што би можел да направи, неговите можности и идеи се неограничени, бидејќи мозокот на добриот е неограничен.

Би испланирал совршено злосторство после извесен период откако овој лошиот би заборавил дека му згрешил.

Ете тогаш лошиот ќе се покае што се родил како грешка и ќе плаче како пичка.

Нема да знае кој, како, зошто и што го снашло, а тогаш добриот само ќе го помине и замине, без да го плукне, Господ доволно ги исплукал таквите.

Тоа значи дека ако добриот стане лош, ќе биде најдобар од сите лоши заедно, бидејќи она што еден интелигентен ум може да го испланира, десет глупави заедно нема никогаш да го смислат.

Затоа уште еднаш ќе им препорачам на лошите мадафакери и мадафакерки да не ги потценуваат добрите, бидејќи по извесен период кога ќе мислат дека конечно си го средиле животот, оние добрите ќе се вратат неосетно и ќе им го направат хаос.

А хаосот секогаш победува затоа што е подобро организиран, што би рекол Марфи.

Посетено 4.836 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!