Ајде да летаме

[fblike]Vodno google map

-Зоки?
-пссттт – покажувам со прст
После неколку секунди:
-Зоки што ти е, не ме плаши?
-ама ти реков да не ме прекинуваш
-во што те прекинувам?
-слушам нешто
-Што?
-Ја слушам тишината
-Јас ништо не слушам
-ако запнеш ќе слушнеш
-како да слушнам тишина?
-Концентрирај се и слушај
-Ај да пробам
После 2 дена:
-не можам више, ми се јаде
-и мене..а нели беше убаво?
-да, чудно ама убаво
-Сакаш сега да гледаме?
-што?
-Позади Водно
-како позади?.. не се гледа ништо, Водно смета
а можеме да гледаме на Гугл мапс
што има таму
-Ма не е тоа поента, ќе се концентрираме,
ќе гледаме „низ“ планината
и после ќе си раскажеме кој што видел
-А нели ќе јадеме?
-Ај утре
-Може, никој не умрел од 2-3 дена не јадење
Наредниот ден:
-и што виде? – ја прашувам
-те видов тебе како скокаше од едно дрво
Ќе се качиш на него и ќе скокнеш
и така бесконечно додека на дрвото не му здосади,
прво листовите му паднаа од нервоза
и после овена од мака
-а ти?
-те бркаше едно куче и те гризеше за г’з
а ти викаше по мене да те спасам
а јас само се смеев и лижев едно ќебапче
На крај ми се наљути и си отиде со изгризан г’з
-Еј што сиии… сега ќе јадеме?
-ај уште ова па ќе јадеме
-Што?
-ќе се свртиме на грб,
ќе замислиме дека сме птици,
така ќе летаме 1 недела
и после пак ќе си раскажеме кој каде летал
-добро, дај ми ја раката
-зошто?
-Да те држам да не ми одлеташ далеку
-хаха нема, не се секирај
Не стигнавме да си раскажаме, не’ нашле
мртви, прегладнети до смрт, цврсто држејќи
се за раце
Посетено 393 пати