4 причини зошто луѓето се плашат од интелигентни луѓе
Интелигентните луѓе се мирисаат од далеку, па поради тоа оние глупавите не им приоѓаат воопшто. Не е вистина дека еден паметен човек можеш да го познаеш по очилата кои ги носи или книгите во рака бидејќи паметните луѓе не се експонираат со детали. Нив им се гледа во очите дека можат да ве убијат со збор, наместо да се караат со вас, но и тоа нема да го направат, бидејќи едноставно тие се интелигентни, а интелигентните луѓе немаат време за оние глупавите.
[fblike]
Ова се 4 причини зошто е тоа така и останатите луѓе се плашат да им се приближат.
1. Интелигентните луѓе имаат богат вокабулар
Глупавите луѓе може да се дрзнат да им се обратат на паметните, но голема е веројатноста да се откажат од соочувањето кога ќе се сетат дека немаат вокабулар како оној на интелитентните.
Доколку се обидат да им кажат нешто ќе биде, сакам кажам, не знам речам.
2. Интелигентните луѓе знаат повеќе отколку што кажуваат
Тие знаат се за секого, не бидејќи се интересираат туку бидејќи нивните околни извори постојано ги известуваат за случувањата.
Затоа никогаш не се сомневајте во интелигентниот човек, бидејќи тој знае повеќе отколку што ќе ви каже, но наместо вас може да каже на некој друг кој верувајте ќе биде радосен што ќе чуе.
Затоа глупавите луѓе не им се обраќаат, срамејќи се од она што паметниот го знае за нив.
3. Интелигентните луѓе можат да испланираат совршено злосторство
Доколку се почувствуваат загрозени или ви го фрлат пикот, интелигентните луѓе нема да се измачат многу ако одлучат да ви направат некоја пакост.
Истата ќе биде испланирана како совршено злосторство, а вие ќе се чудите што ве снашло.
Но, сепак пред да го направат тоа, интелигентните луѓе ќе размислат два пати и ќе одлучат дека е подобро да ви ја дадат следната причина поради која нема да им се обратите повторно, а таа е…
4. Интелигентните луѓе игнорираат
Тие едноставно нема да го трошат своето драгоцено време на вас, ниту за да ви напакостат, ниту за да се караат со вас.
Само ќе ве игнорираат оставајќи ве сами да сфатите зошто тие се интелигентни, а вие глупави.
Посетено 16.803 пати