А Бре, Мило Македонче
Утре е нов ден, ден за нови подвизи и за ново пребарување на храна. До утре.
Како, бре, да не ти се обратам вака, Македонче едно, душо вековно и идно напатена. Како да не бидам полн со бес и со гнев, кога ти, едноставно не знаеш да се бориш. Можеби и знаеш, имало некои пијани примери во минатото, ама се повеќе мислам дека сега веќе и не сакаш. Да се бориш. Во 1991 година, по вторпат ја доби толку посакуваната држава, која претходно веќе ја доби од зоштотолкуомразениот Јосип Броз. И што направи за неа? Ништо. Остана нем на страобално хиенските влади од сите политички провиниенции, верувајќи им час на едните, час на другите, а никако не верувајќи си на самиот себе.
Слаб си, дозволи за овие 23 години да ти го ебат мамето и едните и другите, дозволи да те прават мајмун, да те понижуваат, да те сметаат за идиот, за монета за кусур, дозволи да се доведеш во ситуација да не можеш да преживееш ни 7 дена од платата ти јадна, дозволи да се радуваш на покачувања на плата и на пензија во распон од 9 до 500 денари, да им купуваш на дечињата кинески патики од кои, не дај боже, можат да добијат гангрена (Тито така изумре, му ја исекоа ногата затоа што носеше патики добиени на поколон од Мао), да јадеш евтина храна, да возиш скапани кршои од аута, да идеш на летен одмор на секои 9 години, товарен со пиперките и со тоа патлиџаните како најголем бедник, дозволи да му се молиш на Бога децата што побрзо да ти фатат метла од оваа Недоџија, а си дозволи и да се носиш на ниво од локалните пазари, со све гаќурките 3 за 100 и со све чорапите 8 за 100, уште среќен што за ручек ќе сркаш леќа која ќе ти трае и неколку дена.
Крив ти е некој? Никој не ти е крив, самиот го знаеш тоа, како што знаеш дека крив си само ти и никој друг. Зашто? Затоа што немаш муда, него имаш дупе, брате мили. Е, кога ќе ти текне дека имаш муда, заедно со придружниот алат што иде уз нив, и дека тие у комплет се користат, меѓу другото и за покажување на самодоверба, а не само за котење и одгледување на деца во мизерија, е тогаш бате, ќе можеш да се надеваш дека од Македонче ќе станеш Македонец. И тогаш ќе можеш, со право да се курчиш. Вака, седи си дома, офкај си и јади си ја тоа леќата насушна, а од кога ќе се испрдиш зрело, прилегни си.
Утре е нов ден, ден за нови подвизи и за ново пребарување на храна. До утре.
Посетено 11.754 пати