7 мисли кои ги имаме сите кога ќе ја пронајдеме вистинската личност

Во денешно време кога повеќе приказни се со несреќен крај, тешко е да поверуваш дека твојата приказна има шанса да заврши среќно. Поради тоа секој кога ќе ја пронајде вистинската личност после толку лажни пред него, се запрашува дали тоа е тоа или повторно се залажува опиен од љубов.
7-misli-koi-gi-imame-site-koga-ke-ja-pronajdeme-vistinskata-licnost-1

[fblike]

Ова се 7 мисли кои ги имаме сите кога ќе ја пронајдеме вистинската личност, а се неизбежни се додека не се увериме дека тој/ таа е оној/онаа вистинскиот/ вистинската.
1. Нешто мора да не е во ред со него/ неа
Едноставно чудно ни делува тоа што ништо не чкрипи во врската, партнерот е прекрасен и се е совршено.
Ни останува само да се потсетиме на поговорката која кажува дека многу арно, не е на арно, но по одреденпериод сфаќаме дека многу арно е одлично.
2. Не сакам да го уништам ова…
Откако ќе сфатиме дека е одлично не сакаме ни под разно да го уништиме тоа што го имаме, во овој случај тоа е врската со нашиот партнер.
Се обидуваме се да правиме правилно и под ред, заборавајќи дека понекогаш спонтаноста и ситните расправии никогаш не се на одмет.
3. Што ако оваа личност е онаа вистинската навистина?
Постојано се запрашуваме дали ова е вистинската личност навистина?
Ама навистина, започнуваме да го замислуваме заедничкото секојдневие со неа, споделувањето на секој важен момент во животот, како истото би се одвивало, дали би ни здосадило…
4. Но, што ако не е…
И наеднаш од претходното прашање, преминуваме на ова кое делува негативно врз нас и не тера да размислуваме претерано, а што ако не е онаа вистинската личност за мене?
Што ако си го губам времето бесполезно?
Во тие моменти се обидуваме да се потсетиме како се чувствуваме во негова/ нејзина близина и сфаќаме дека…
5. Навистина не сакам да го уништам ова!
Како што се уништило се пред да се случи оваа врска, сфаќаме дека причините зависеле од двајцата партнери.
Така и овој пат, дали ќе го уништиме тоа што го имаме зависи од нас и нашиот партнер, а во моментот ниту еден од двајцата го посакува тоа.
6. Кои се нашите заеднички интереси?
Започнуваме да се запрашуваме што имаме заедничко со партнерот, дури и тоа да е само јадење на пица без печурки, ќе ни биде доволно да сме среќни што го имаме.
На крајот на краиштата, спротивностите се привлекуваат, си викаме.
7. Оваа личност ме прави подобра личност
Најубавата мисла која не прави да се чувствуваме самоуверено, силно и сакано е токму оваа.
Кога сфаќаме дека личноста покрај нас не прави подобри и го вади најдоброто од нас, знаеме дека треба да ја задржиме и дека таа има големи шанси да е онаа вистинската за нас.

jk banner grcija

Посетено 3.607 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!