6 неуспеси кои треба да ги доживеете ако сакате да успеете во животот

Секој сака да ја дознае тајната за успешен живот. Без разлика дали станува збор за кариерата или за личниот живот, ние сакаме се. Но вистинското прашање е- Како да го добиеме тоа?

Одговорот е едноставен. Треба да доживеете пораз. Всушност треба често да доживувате порази. Од секој неуспех треба да научите по нешто. Толку е едноставно.

Потребно е да сте доволно свесни за да доживеете неуспех онаму каде што треба. Постојат одредени неуспеси во животот кои се неопходни за достигнување на успехот. Без нив, ќе ви недостасува дел од сложувалката.

Од друга страна пак, постојат и успеси кои можат целосно да се избегнат- вклучувајќи ги оние кои се повторуваат. Повеќекратниот неуспех не само што е дозволен туку е и за пофалба.

Сепак осигурете се дека секој пат кога нема да успеете тоа ќе биде на поинаков начин. Ова се шест вида на неуспеси кои треба да ги доживеете ако сакате да успеете во животот:

Неуспешна врска

Ако треба да изберам еден момент од мојот живот кој имал најголемо влијание врз мојата денешна личност, тоа би бил неуспехот на мојата љубовна врска.

Не поради тоа што се работи за жена која ја сакав повеќе од било која претходно и после тоа, туку затоа што јас бев оној кој зезна.

Врските постојано не успеваат- во поголем број од случаевите тоа не е наша вина. Никогаш нема да ги цениме значајните врски онака како што треба се додека не направиме хаос.

Полесно е да се свртите и да си продолжите со животот ако е јасно дека партнерот е виновен. Ако пак, само вие сте виновни, е тогаш имате лекција која треба да ја научите. Тоа значи да признаете дека вие ја зезнавте работата… но тоа е веќе друга приказна.

Неуспешно пријателство

Потребно е време да ги сфатите и да ги цените односите кои ги имате со различни луѓе во вашиот живот. Не се само љубовните врски оние кои ве учат на важни животни лекции, туку и врските кои ги имате со вашите пријатели.

Исто како што постојат ‘отровни’ љубовни врски, постојат и ‘отровни’ пријателства. Откако ќе искусите неуспех од некое пријателство, вие се разбирате себе си и животот кој се надевате дека го водите малку подобро.

Најчесто друштвото до кое се држиме одредува каков живот ќе живееме.

Неуспешен избор на професија

Никогаш не сум сретнал ниту пак слушнал за некој кој можел да ја одреди својата професија од прв пат. Ако сакате да ја пронајдете страста во вашиот живот, ќе ви биде потребно доста време да сфатите кои нешта не се совпаѓаат.

Ако сеуште сте на првата работна позиција, тогаш грубо гледано,  99% се шансите дека не го правите она што би требало да го правите. Можеби вие сте , статистички, еден во милион, човек кој ја имаа таа среќа, но сепак, повеќето луѓе треба да поминат низ повеќе обиди и грешки.

Вообичаено е помалку важно да сфатите што би сакале да работите, а повеќе- што светот има да ви понуди, а што вие да додадете на тоа.

Финансиски неуспех

Ако никогаш не сте биле шворц во животот, тогаш не можете да ја разберете вредноста на парите. Едноставно, тоа не е возможно. Се разбира, можеби само може да имате некаква претстава, но не можете да знаете какво е чувството да барате бесплатен оброк.

Или пак колку е стресно да заглавите со ратите на вашите кредитни картички и студентски кредити.

Да се биде без денар во било кој период од животот не само што ви овозможува да ги цените парите, туку и да сфатите колку малку ви треба во животот.

Повеќето луѓе се неекономични. Премногу се задолжуваат и живеат непродуктивен живот. Што е уште полошо, ваквите луѓе не знаат да ги ценат едноставните нешта во животот.

Секогаш се обидуваат да фрлаат пари заради некаква среќа, но не сфаќаат дека среќата не се купува со пари.

Неуспешен обид за слава

Без оглед на вашата дефиниција за славата, вие сепак нема да ги цените вашите достигнувања ако не доживеете повеќе последоватени неуспеси.

Ако не морате да се борите за да победите, за да успеете, да бидете славни, дали тоа тогаш навистина можете да го наречете слава? Токму таа борба и сите оние пречки кои изгледаат невозможни да се надминат се оние кои не инспирираат. Ако до целта се доаѓа лесно, тогаш не е достојна за пофалба.

Имајте ја на ум разликата помаѓу неуспехот да бидете славни и необидувањето да бидете славни. Многу можете да научите од давањето на вашите крајни напори и од согледувањето дека вашите крајни напори сеуште не се доволно добри.

Како и да е, ако не си дадете шанса да доживеете неуспех, тогаш не можете да научите апсолутно ништо. Не чекајте, додека сеуште не е доцна.

Неуспешно предвидување на она што доаѓа

Причината поради која човекот се наоѓа на врвот на синџирот на исхрана е првенствено поради неговата способност да ја определи иднината со точност. Ние ја разбираме врската помегу причината и последицата подобро од било кој друг вид, и токму тоа е она што не прави поразлични.

Потребно е време за да се развијат овие вештини. Всушност ние набљудуваме и учиме од моментот на нашето раѓање па се до нашата смрт.

Често забораваме колку е важно да се набљудува и да се пресметува. Повеќето луѓе се потпираат на суеверија и надежи, што е занимливо, бидејќи ние сме подобри набљудувачи за време на нашето детство отколку сега, кога сме возрасни.

Оние од нас кои сфаќаат дека секогаш има нешто ново да се проучи, нешто ново за што да се размислува и да се пресметува, се токму тие кои одат најдалеку во животот. Колку посложени се ситуациите, толку потешко е да се пресмета исходот.

Искрено речено, можеме само да ги предвидиме можностите од настанот кој е во тек. А тоа е и се што ви треба- во секој случај, поголемиот дел од животот е само коцка.

Посетено 16.945 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!