55 работи кои сакам мојата идна ќерка да ги знае кога ќе станам татко

Сеуште не сум сосема подготвен да имам деца, но ќе излажам ако кажам дека понекогаш не замислувам каков би ми бил животот.

Најдобро би било да имам едно машко и едно женско… но, кој знае? Признавам дека повеќе ме загрижува израснувањето на женско отколку на машко дете. Светот е тежок за женските деца.

Не сфаќајте ме погрешно, имам јас план и за одгледување на син, но за мојата ќерка имам посебна листа.

Јас дефинитивно ќе бидам еден од оние заштитнички настроени татковци, но како прво и основно ќе ја научам да се грижи за себе. Ова се 55 работи кои би сакал мојата идна ќерка да ги знае.

1. Светот е голем- треба да посветиш време за истражување на истиот.

2. Смеј се секогаш кога ќе почувствуваш потреба. Тоа нивистина е добро за душата и за здравјето.

3. Не брзај да пораснеш- времето брзо лета. Еден ден, ќе се обидуваш да го успориш.

4. Најважно е здравјето. Секогаш грижи се добро за себе.

5. Семејството е секогаш тука за тебе, не плаши се да разговараш со нас.

6. Единствениот начин да живееш среќен живот е да бидеш своја. Размисли за себе и донеси лична одлука.

7. Логиката е најважната алатка во светот. Тоа е она по што луѓето се разликуваат од животните, успешните поединци од оние кои никогаш не успеале да ги научат неопходните животни лекции.

8. Не е важно сечие мислење, но сепак треба да ги сослушаш. Ако ништо друго, ќе научиш како да не се однесуваш во дадена ситуација.

9. Насилството е речиси секогаш непотребно- но речиси. Се надевам дека никогаш нема да дојдеш во ситуација каде ќе треба да се браниш, но без разлика- треба да бидеш подготвена.

10. Расизмот, сексизмот и дискриминацијата секогаш се неприфатливи.

11. Сите човечки суштества заслужуваат почит. Освен ако тие не ти ја укажат почитта која ја заслужуваш.

12. Во светот постојат многу добри но и многу лоши луѓе. Никогаш не пресудувај пред да имаш доволно податоци и биди подготвена за најлошото.

13. Набљудувањето е клучниот начин за подобро разбирање на светот околу нас. Одвои време да разгледаш околу тебе и да ја разбереш средината во која живееш.

14. Секогаш размислувај најмалку два чекора напред. Не сметај ги само последиците од твоите дела, туку и последиците од тие последици.

15. Секогаш имај излезна стратегија- за било кое сценарио.

16. Одлучувањето за она што сакаш да го правиш во животот не е одлука која се донесува само еднаш во животот, понекогаш донесуваме одлуки секој час, секој ден и во текот на целиот наш живот.

17. Биди љубезна кон животните. Тие не се човечки суштества, но сепак се свесни и живи суштества. Тие можат да размислуваат и чувствуваат. Крајно, и не се толку поразлични од луѓето како што впрочем луѓето мислат.

18. Во животот, прашувај за се.

19. Во ред е да не знаеш нешто. Само прашај. Потребна е секунда да научиш некоја нова животна вистина.

20. Интелигенцијата е најценетиот квалитет во целиот универзум.

21. Жените не само што се паметни како и мажите, тие всушност се попаметни од повеќето мажи.

22. На жените не им се потребни мажи.

23. Нема ништо лошо во тоа да си хомосексуалец. Ако сакаш жени, тогаш уживај во нивното друштво.

24. Можеш да ја избереш религијата во којашто ти сакаш да веруваш.

25. Читањето е неверојатно важно и пријатно.

26. Ако сакаш да учиш за да го сфатиш животот, тогаш студирај филозофија и наука.

27. Кога ќе се запишеш на колеџ, не грижи се за тоа што ќе биде после завршувањето. Избери го отсекот кој сакаш да го учиш и уживај во студиите. Се останато ќе дојде подоцна.

28. Полесно е да се дојде до успех преку воспоставување на деловни контакти.

29. Важно е да имаш пријатели, но голем број од нив ќе бидат лажни.

30. Треба да почекаш прво да сте вљубени и во врска па потоа да имаш секс. Не го велам ова за да те оттргнам од идејата за секс. Ова го велам бидејќи со сигурност знам дека потоа ќе посакуваш да си почекала.

31. Сексот е забавен со вистинската личност. Но ако станува збор за погрешна личност, тогаш ќе направи да се чувствуваш полошо од било кога во твојот живот.

32. До 25тата годишна возраст, 99% од момчињата само ќе сакаат да се вовлечат во твоите гаќи.

33. Треба да ги заштитуваш твоите браќа и сестри. На моменти може да биде и тешко, но ако си изградите силни меѓусебни врски, тогаш ќе го цените тоа подоцна во животот.

34. Пиењето може да биде забавно, но сепак е опасно. Секогаш пиј одговорно и само со луѓе на кои им веруваш.

35. Истото важи и за дрогата- забавно, но опасно. Некои видови на дрога не треба никогаш да ги пробаш, а некои само ако почувствуваш потреба за тоа. Никогаш не употребувај дрога редовно.

36. Секогаш треба да го знаеш потеклото на одреден производ. Ова се однесува на се.

37. Секогаш употребувај кондоми и апчиња за контрацепција. Не ризикувај да добиеш некоја од сексуално преносливите болести, а дури кога ќе си подготвена тогаш може да имаш дете.

38. Никогаш не вози непрописно. Никогаш.

39. Секогаш употребувај го безбедносниот каиш и не пишувај пораки ниту пак зборувај на телефон додека возиш.

40. Општо кажано, по било која цена избегнувај трајни повреди и/ или смрт.

41. Љубовта е најубавото и најгрдото нешто во светот.

42. Кога ќе најдеш некој кој го сакаш толку многу што си го замислуваш остатокот од животот заедно со него, не пуштај го да си замине. Можеби ќе си исплашена и загрижена, можеби ќе посакаш да ја отфрлиш љубовта и да избегаш, но не прави го тоа. Зошто можеш да жалиш за таа одлука до крајот на животот.

43. Не мораш да стапиш во брак, но треба да пронајдеш животен сопатник. За среќа, нема потреба од брзање. Колку повеќе чекаш да го најдеш ‘единствениот’, толку повеќе ќе го цениш тоа кога ќе го пронајдеш.

44. Никогаш не дозволувај да бидеш нечиј трофеј. Секогаш следи ги твоите страсти.

45. Нема ништо погрешно во тоа да сакаш да бидеш домаќинка или пак директорка, се додека го правиш она што те прави среќна.

46. Немој да се омажиш за ниедна друга причина освен љубовта- и биди сигурна дека тоа е вистинската љубов. Нема потреба да поминуваш низ развод.

47. Во ред е да се разведеш ако си се омажила за погрешната личност. Никогаш немој да останеш во брак затоа што така треба. Ова може да биде комплицирано ако има веќе имаш деца, но ако се заврши се зрело и одговорно, може да биде најдобриот избор.
48. Ти сама си го креираш животот- и никој друг.

49. Запомти- ако нешто сакаш толку многу силно, тогаш и ќе го добиеш. Но никогаш не сметај дека само ќе дојде, ти си таа која ќе треба да се потруди околу тоа.

50. Треба да и простиш на луѓето кога можеш, но разбирливо е некогаш и да не можеш.

51. Најдобро е да го живееш животот со отворен ум.

52. Најдобро е секогаш да избегнуваш да жалиш за нешто. Ризикувај и прави грешки ако не можеш да ги избегнеш. Нема да знаеш се додека не се обидеш.

53. Наша одговорност е да го обезбедиме продолжувањето на животот на оваа планета, и тоа не само животот на човечките суштества.

54. Никогаш не се задоволувај со моменталниот начин на живеење, ако тоа не е животот кој ти го сакаш. Се додека постои утре, постои и можност за подобра иднина.

55. Се што е потребно за да го промениш животот е да одлучиш дека го сакаш тоа. Ако подоцна го промениш мислењето, тогаш, всушност никогаш не си одлучила да го промениш својот живот.

Посетено 5.747 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!