5 вистински причини зошто мажите ги изневеруваат своите девојки

Некој од нас никогаш не може да сфати зошто луѓето изневеруваат. Знаеме зошто луѓето сакаат да изневеруваат, но не сфаќаме зошто тие поминуваат низ тоа. Никогаш не завршува добро на крајот за некој кој е инволвиран, без разлика дали сте вие изневерени, или пак вие сте тие што изневерувате. На крајот, вообичаено, секој е губитник.

Не постојат добри причини за неверство. Најдобрата опција е да не изневерувате и таа е секогаш најдобра. Тоа не е како некој да ви држи пиштол вперен во глава и ви кажува дека мора да ја изневерите вашата девојка или ќе умрете. Доколку ова некогаш ви се има случено, тогаш сосема е во ред да ја изневерувате својата девојка.

Освен тоа, нема друго оправдание. Изневерувањето не е во ред. Никогаш не било добро и никогаш нема да биде. Но, вие веќе го знаете тоа. Она што треба да знаете е дека постојат два типови на луѓе кои изневеруваат: луѓе кои знаат дека прават нешто погрешно, а кои сепак одбираат да го сторат тоа и луѓе кои не веруваат дека прават нешто лошо. Дури и луѓето кои генерално веруваат дека неверството е погрешно, ќе смислат начин како да ги оправдаат своите постапки.

Исто така, причините зошто луѓето изневеруваат се секогаш различни. Поради социјалните норми и очекувања, факт е дека мажите се повеќе подлежни на изневерување, отколку жените. Знаеме дека постојат многу жени кои изневеруваат, но сепак мажите го прават тоа почесто. Генерално, мажите настојуваат да имаат повеќе сексуални партнери од една жена, па математички има смисол дека тие изневеруваат многу повеќе од жените.

Се разбира, како што нашата култура налага на жените да бидат повеќе сексуално отворени (и нивната сексуална отвореност почнува да се прифаќа од сите други) дисбалансот полека исчезнува. Но, овде ќе се фокусираме на мажите и нивните неверства на своите девојки.

Па, зошто мажите ги изневеруваат своите девојки?

1. Затоа што се ѓубриња.

Додека сеуште некаде надвор постојат добри мажи, двојно повеќе постојат мажи ѓубриња. Некои мажи сакаат да ги користат жените. Тие секогаш и кажуваат на жената што таа сака да слушне. Тие секогаш ветуваат. Со тоа ги прават жените да се чувствуваат исклучително убаво. Тие им покажуваат дека се грижат за нив. Тие прават да се чувствуваат посебни. Но, во реалноста, тие само сакаат да ги задржат блиску до себе за да имаат некој регуларен ,,задник,, до нив.

Другата жена спие многу често со различни луѓе од недела во недела. Има некои недели кои се подобри од останатите недели. Знаeме како ова ви звучи, но ова е вистинскиот начин како мажот размислува. Тие мора да бидат вакви за да не бидат фатени што е можно подолго време. Најлошиот дел е оној дел што додека вие плачете и срцето ви е скршено, тие си продолжуваат со нивните животи како ништо да не се случило.

2. Затоа што се несигурни.

Некои мажи се тотални идиоти, тие се неверојатно несигурни. Тоа не значи дека не се грижат за вас. Се грижат. Но, тие се плашат да не ве изгубат, се плашат да не ги изневерите и затоа одлучуваат да ве победат со еден нивни удар.

Колку глупаво. Сме биле сведоцин на вакви случувања многу често. ,,Јас сум многу несигурен дали оваа врска ќе опстои, па еве сега јас ќе ја уништам. На овој начин јас ќе бидам на врвот.,,

3. Затоа што не сфаќаат колку е скапоцено тоа што го имаат.

Повеќето луѓе, можеби и сите луѓе, поминуваат многу време за да разберат колку добри работи имаат во својот живот. Иако не е најдобар изговор, но кога ќе бидат млади и неискусни често знаат луѓето да изневеруваат. Тие воопшто не разбираат што е тоа што го пронашле, мислејќи дека ќе бидат во можност да најдат некој кој е исто така добар, ако не е и подобар од другата страна на оградата.

Се чувствуваме лошо кога ќе се соочиме со вакви мажи. Не затоа што некој ги изиграл нив, туку затоа што тие сами си се изиграле. Знаеме како е да се простиш со некој што го сакаш и никогаш не би се простиле. Тоа е богатство. И никогаш не би ја изневериле.

Па, замислете да ја изневерувате жената која ја сакате, само за да сфатите дека никогаш повеќе нема да сте заедно или дека никогаш нема повеќе да ја имате. Како ќе ви се врати после она што сте и го сториле? Како што кажавме, лошо се чувствуваме за овие типови на мажи.

4. Затоа што се слаби.

Мажите се неверојатно слаби личности. Не се согласуваме со фактот дека нив им е се полесно во животот од жените. Мажите наоѓаат подобра работа (дури и доколку не се подобри, подобро се платени). Не мораме да раѓаме деца. Ние не мораме да се избориме за одредени работи како жените. И поради тоа ние никогаш нема да научиме да се бориме како што се борат жените во животот.

Мажите можеби се физички посилни, но се психички слаби. Тие имаат мала самоконтрола, посебно кога станува збор за жена.

Знаеме дека не е оправдание, но тој може да ја изневери својата девојка поради фактот дека е карактерно слаб, а не поради тоа што не ја сака својата девојка. Прашањето кое треба да си го поставите е: Дали сакате еден слаб маж да биде ваш партнер?

5. Затоа што немаат храброст да ви признаат дека се заљубиле во друга жена

За жал, не е секоја љубов вечна. Некои љубови никогаш не стануваат силни додека не се соочат со тестот на времето. И најлошиот дел е тоа што додека љубовта расте кон една личност, таа може да расте и кон друга личност. Љубовта е неверојатен психички комплексен феномен.

Само разберете дека не можете некого да натерате со сила да ве сака. И бидете сигурни дека не можете некого да молите за да ве сака. Сакањето е избор. Доколку тој одбрал да не ве сака, потребно е да го прифатите тоа и да продолжите понатаму.

Се разбира, воопшто нема да е добро доколку ви каже дека ве изневерува, но сигурно е подобро отколку да не ви каже.

Раѓањето и негувањето на омраза можат да бидат долго време ваши лични пријатели кога ќе станат ваши неразделни чувства. А, тоа воопшто нема да е добро за вас. Затоа, немојте да негувате омраза, ниту да дозволите да ви се роди чувство на омраза.

Посетено 15.606 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!