24 до 9..леле колку е рано..што да правам до 9 ?

Седам со духот на баба ми на тросед и умирам од досада
24 до 9..леле колку е рано..што да правам до 9 ?
„Сакаш да играме петка-глава?“- ме прашува
„Не играм со духови“
„А што не си фатиш женска?
„Ти во кој век живееш..како да фатам
женска за 24 мин… и тоа од дома?…
Глупости прашувам, ти не ни знаеш како е во 21 век,
ти во 20-ти умре“
„Па што има врска..слушам муабети од тие тазе умрените
Сега за 5 мин. се фаќате..не како во мое време„
„Кога сме на таа тема ај кажи како се фати ти со дедо ми?“
„Па бев многу бесна девојка и…ај батали не е важно“
„Не си фер..ама ако, ќе те начукам некој ден
се’ ќе ми кажеш“
„Хаха ај не треси глупости, не можеш дух да начукаш“
„Еј ми текна… ти можеш да поминуваш низ ѕидови, нели?“
„Да, можам“
„Ај ќе те нагрнам со бел чаршав, еве ти камера и иди кај комшииве
да ги вадиш од памет“
„Добра идеја, и онака ми е досадно кога не си дома“
„Ај чао, отидов во град да бркам женски па
после ќе гледам што си снимила“
………………..
После 36 дена си фатив девојка,
си ја донесов дома и таман се расоблековме
„Аааааа дух !!!! “ – списка таа,
си ги собра парталите и гола избега низ врата
Се вртам, гледам бел чаршав со камера
„Бабо ти си?“
„Да, се снимив“
„Добро ма ти кажав комшиите да ги плашиш,
не моите девојки“
„Ма откачи ја оваа, секој ден ја снимам кај различен комшија“
„Стварно?.. а мене ми викаше дека сум и’ втор “
„Знам, слушнав, затоа ја исплашив“
И сега што да правам, немам пари за кафана,
сите ги потрошив на цвеќиња и сладолед од јагоди,
ќе мора дома да дремам
„Бабо, знаеш што? ..ај иди пред банкомат и кради ги пиновите
па ќе правам дубари“
“Што е тоа банкомат, пинови… немаше такво
во мое време“
„Офф, џабе ќе ти објаснувам..ќе пукнам од досада“
„Сакаш џемпер да ти исплетам?“
„Па може..зошто да не“
И така , петок навечер, цел свет лумпува
а јас и држам волница на баба ми – духот
додека ми плете некој ретро џемпер со мотив
на Тито како јава бел коњ , само такви партизански
знае да плете
Не ми е животов нешто за фалење, нели?

Посетено 348 пати

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

animes online SK8 the Infinity

Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

AnimeDao Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway Episode 5

stream anime online AnimeDao TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

stream anime online AnimeDao JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable