16 логични причини зошто мажите кои пијат виски се најдобри љубовници

Отсекогаш сум сакала мажи кои се како моето омилено виски- силни и со исончан тен. Она што го сфатив со текот на времето и искуството е дека сакам мажи кои држат виски во рака.

whiskey[fblike]

Луѓето кои пијат виски имаат неверојатно интересен карактер. Тие одушевуваат, мистериозни се и се полни со животно искуство. Едноставно зрачат со сексипил.

Момците кои пијат пиво се здодевни. Тие не претставуваат предизик. Од друга страна пак, оние кои пијат текила знаат да бидат гласни и премногу напорни. А да не зборуваме пак за луѓето кои пијат вино…

Вискито овозможува совршениот баланс помеѓу прибраноста и лудилото.

Доколку изборот на еден маж е виски, бидете сигурни дека тој знае што прави. Тој ја гледа убавината во нештата и ги цени вистинските вредности.

Тој е добар во животот, но уште подобар во спалната. Тој е храбар, спремен за авантура и неодоливо секси.

Ова се 16 причини кои ќе ви покажат зошто луѓето кои пијат виски се најдобри љубовници:

1. Тој добро се познава себе

Мажите кои пијат виски знаат што сакаат, а што не и не се срамат да го споделат тоа со целиот свет.

Тој е задоволен од самиот себе, што прави да се чувствува самоуверено. Може да ви даде насока или целосно да ја превземе контролата.


2. Не се срами да оди против правилата

Фактот што ги прави овие личности толку интересни е што тие се неконвенционални. Тие не можат да поднесат секакви друштва.

Се издвојуваат од останатите и први сакаат да пробат нови работи.


3. Тој е традиционален човек

Со него сексот секогаш е исполнет со длабоки, сензуални чувства. Не сака секс без страст, тој сака сексот да поттикне длабоки чувства кај партнерите.


4. Не му пречи ако по малку “пече”

Не се плаши од мала болка. Сексот го сака исто како и вискито- малку да пече. Мала болка за време на сексот може да ја зголеми возбудата, тој добро го знае тоа.


5. Може да го направи “тоа” дури и на камења

Тој е подготвен за секс во било кој момент и на било кое место, и токму тоа е возбудливото. Тој е вид на личност која има валкани мисли за незаборавен секс во ливада.

Нескротливата природа е главната карактеристика на луѓето кои пијат виски.


6. Смирено ги прифаќа работите

Тие се целосно посветени. Го користат моментот за детално да го проучат вашето тело. Не брзаат, сакаат претходно да се осигураат дека работите ги прават на вистинскиот начин.


7. Никогаш не ги остава работите недовршени

Кај него постои тезата- се или ништо. Тој воопшто не ни размислува за мрзелив секс. Тој е 100% внесен во сексот. Ентузијазмот е прекрасен.


8. Тој е силен

Тој е физички и емотивно силна личност. Знаеме дека секогаш кога станува збор за љубовник или за виски, важи правилото- колку посилно, толку подобро.


9. Тој ги има конците в раце

Тој ќе направи светот да се врти околу вас.


10. Знае како да биде интересен

Тој е прекрасна личност и има одлична смисла за хумор. Дефинитивно, тој е занимлив, интересен карактер. Има богато минато позади себе и има интересни приказни за раскажување.


11. Тој е класика

Неговиот стил никогаш не излегува од мода. Тој е човек кој знае да биде мало нежно маче во кое се крие нескротлив тигар.

Има неоддолив шарм. Во споредба со останатите момци, тој е вистински маж.


12. Тој е директен

Тој секогаш преминува директно на целта. Секогаш го кажува она што му е на ум и не се плаши дека ќе ви ги повреди чувствата.

Воедно, никогаш не ја испушта ниту најмалата ситница.


13. Тој е опасен во кревет

Исто како каубоите од старите вестерн филмови кои го предизвикаа вашето сексуално будење на 12 годишна возраст. А сега, го имате пред вас. Не верувам дека ќе можете да му одолеете.


14. Тој ќе направи да се чувствувате непобедлива

Ќе направи да се почувствувате како да можете да направите се што ќе посакате. Ви дава сила, каква што само вискито може да даде. Прави да се чувствувате самоуверени и сигурни.


15. Тој е посветен

Не само што е добар љубовник, тој е и одличен партнер.

Тој е она вистинското, па затоа кога ќе го пронајдете, држете се до него. Животот со него секогаш ќе ви биде авантура, а ќе бидете и сигурни.


16. Тој ќе ви го стопли срцето

Тој ќе ве топли и однадвор и одвнатре. Вискито поминува преку устата во грлото и ги обвиткува своите раце околу вашето срце исто како што тоа го прави и вашиот љубовник. Тој е најдобриот човек што постои, тој е човекот кој пие виски.

Baner Plus Info

Посетено 8.493 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!