15 нешта кои емотивно силните луѓе не ги прават

15 raboti naslovna_majkatiitatkoti

Постои одреден аспект на ментална сила кој е одлучувачки фактор за тоа дали ќе имаме или ќе немаме добар живот. Има многу нивоа на ментална сила и сите од нив се потребни за да бидеме среќни и успешни. Областа од менталната сила чие што влијание е најголемо е токму емотивната сила.

Емоциите се дел од нашата психа, но сепак се разликуваат од остатокот од менталните квалитети, затоа што тие имаат најдиректно влијание на нашето физичко тело. Тие влијаат на начинот на кој нашето тело функционира и раководат со секое наше дејствување. Без емоции, ние ќе немаме причина да дејствуваме, или да правиме било што.

Емоциите се нашите најголеми мотиватори. За жал тие можат да не мотивираат да дејствуваме во било која насока, па дури и во прогрешна. Токму поради оваа причина, душевната сила е основна. Постојат безброј ситуации кои емотивно силните луѓе ги избегнуваат и голем број од нив никогаш не ги превземаат. Еве 15 од нив

1. Не молат за внимание

Потребата за внимание е директно поврзана за чувствата. Оние кои чувствуваат потреба од признавање се сметаат за вредни само тогаш кога другите ќе покажат дека им се потребни. Тоа се случува кога луѓето се несигурни за својата вредност. Чувството за несигурност за тоа колку вредиш е како само-исполнување на пророштво. Ако сам во себе не веруваш дека ја знаеш својата важност, никој никогаш нема да ти поверува дека ја знаеш.


2. Не дозволуваат да ги понижат

Емоционалната сила бара еластичност. Светот е полн со луѓе кои не мразат. Љубоморни очи демнат зад секој агол. Тажната вистина е дека луѓето кои најлесно можат да не разочараат се нашите најблиски. Најчесто, најдоброто решение е да се ослободиме од овие луѓе, а во исто време е и најтешко. Доколку тивко успеете да ги отстраните овие луѓе од вашиот живот, е тоа е витински емоционален предизвик.


3. Не мразат

Ако мразиш, тогаш ти се грижиш за одредена ситуација повеќе отколку што би требало. Доколку некој искрено ти се извини, прости му. Ако пак не ти се извини, не комуницирај , но немој да му префрлаш. Луѓето од кои сакате да се оддалечите не мора и да ги мразите, бидејќи тоа одзема голема ментална енергија која повеќе е штетна отколку добра.


4. Секогаш тераат по свое

Емотивно силните личности го прават токму она што сакаат да го прават. Тие не планираат да успорат или пак да запрат поради секој кој мисли дека нивната среќа е несоодветна.


5. Никогаш не престануваат да веруваат во себе

Оние кои се сакаат и се разбираат себеси, оние кои не се плашат или се горди на себе- токму тие никогаш не се сомневаат во себе. Сами си ја одредувате сопствената вредност и не вредите ниту паричка повеќе.


6. Не се однесуваат како кучки или посерковци

Луѓето се злобни. Но ние се прашуваме, зошто? Да се биде кретен е добро само како фактор на заплашување, и ако сакате да ги заплашите луѓето тогаш подобро е да бидете добар преговарач. Доколку само сакате да застрашувате, тогаш тоа очигледно е само замена за вашиот недостаток на доверба.


7. Не пуштаат било кој да влезе во нивниот живот

Емотивно силните се емотивно силни со причина. Тие не се дружат со луѓе кои го рушат нивниот морал. Поголем дел од луѓето се изгубени и би биле посреќни доколку ги земете со вас. Не дозволувајте некој ужасен познаник да ја уништи вашата среќа.


8. Не се плашат да сакаат

Ако се плашиш да сакаш тогаш немаш доволно верба во себе. Очигледно размислуваш дека врската не може да трае и дека е осудена на пропаст. Не сакате да бидете повредени повторно, бидејќи тоа навистина боли. Нема причина повторно да завршите со скршено срце. Доколку работите не функционираат, тогаш не е само до вас, туку до двајцата вас. Освен, ако вие не сте толку лош човек, е во тој случај е до вас.


9. Не се будат со страв од денот што ги чека

Најдобриот дел од денот треба да ви биде моментот кога ќе се разбудите и ќе сфатите дека сте сеуште живи. Понекогаш работите во животот ги земаме премногу здраво за готово.


10. Не се плашат да успорат

Емотивно силните луѓе не чувствуваат потреба од постојана акција и возбуда. Тие не мораат да трчаат наоколу или потојано да се движат по цел ден само за да ги избегнат своите демони. Тие ги ценат токму оние бавни мигови кои ги приближуваат до она што значи да не прават ништо, туку само да живеат, да дишат. Погрешно е да се каже дека тие не сакаат возбуда во своите животи, но сепак се посреќни кога одат на прошетка или само ги мирисаат розите.


11. Не го прават она што не сакаат да го прават

Сите ние правиме нешта кои не обожаваме да ги правиме, но никогаш не треба да правиме нешта кои не сакаме да ги правиме. Емотивно цврстите луѓе го сфаќаат тоа и скоро секогаш успеваат да најдат начин за да се фокусираат на она што го сакаат, што има дозволува да разберат што треба да направат за тоа да биде во согласност со она што го сакаат. И покрај тоа што тие можеби не сакаат одредена работа во целост, сепак сакаат да го прават тоа бидејќи на тој начин се еден чекор поблиску до она што би сакале да го прават.


12. Не се плашат да кажат ‘не’

Ако не можете да кажете ‘не’, тогаш ќе бидете злоупотребувани. Нема да ве сфаќаат за озбилно и никој никогаш нема да ве прашува за мислење. Кога велиме не на некои луѓе, со тоа само ги потсетуваме дека тие не можат да не контролираат.

13. Не забораваат да бидете хумани

Не сме премногу зафатени или премногу сиромашни за да ги донираме нашите пари или време. Згора на тоа, и не забораваме. Некои луѓе едноставно одбираат да ги игнорираат своите одговорности како човечки суштества. Колку повеќе сме емотивно силни, толку повеќе ќе ги цениме и останатите и самиот живот. На тој начин на животот му даваме поголема вредност и соживуваме со оние кои имале лоша среќа.


14. Не чувствуваат потреба да се вклопат

Колку сте емотивно посилни, тоилку сте и понезависни. Не чувствувате потреба да се вклопите, бидејќи веќе сте вклопени онаму каде што треба- во светот. Луѓето од помалите социјални групи најчесто размислуваат изопачено и нездраво. Со самото тоа што некој сака да се вклопи некаде, тој или таа говори за самиот себе ‘Јас се плашам да сум свој’.


15. Не забораваат дека среќата е сопствена одлука

Она што е најважно е дека емотивно силните луѓе научиле да ја сфатат моќта која нашите мозоци ја имаат врз нашиот ум и тело. Тие разбираат дека емоциите се реакции. Нашите чувства не ја отсликуваат реалноста, туку начинот на којшто ние ја изнесуваме реалноста. Со разбирањето на ова, ние добиваме скоро целосна контрола врз нашите чувства, а според тоа и врз нашите животи.
Посетено 23.010 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!