13 знаци дека сте во “токсична врска” и тоа ви го уништува животот
Тешко можете да видите што е најдобро за вас кога веќе сте во врска. Не е секогаш лесно да останете доследни на самите себе и на она што го сакате.
Постои можност да заборавите дека вие и вашата среќа сте приоритет.
Правиме многу погрешни работи токму поради тоа што болката која ја причинуваат одредени врски е помалку застрашувачка од болката која би ја чувствувале доколку ја изгубиме личноста која ја сакаме.
Нема ништо лошо во тоа да признаете дека на врската и дошло крај. Дури и ако не можете да си го замислите животот без вашиот партнер, сепак со текот на времето и далечината ќе можете да сфатите каква всушност била таа ваша врска- тотален промашок.
1. Пасивна агресија
Однесувањето и размислувањето од типот –‘Мразам кога го правиш тоа, но сепак ќе премолчам и само ќе те гледам попреку’- е сосема непотребно.
Доколку не се чувствувате удобно да разговарате директно со вашиот партнер, вие веќе сте ја изгубиле поврзаноста која ја имавте поставено од почетокот на врската.
2. Љубомора и обвинувања
Ние сме само човечки суштества и љубомората до одредено ниво е сосема нормална работа. Но, претераната љубомора не е во ред. Доколку во една врска нема доверба, тогаш не постои ништо со што таа врска би можела да се оддржи.
3. Критики и презир
Никој не е совршен, а колку поблиски сте со некоја личност толку повеќе ќе можете да ги забележите нејзините несовршености ( мани). Позитивните критики се сосема во ред
Но, кога критиките се користат како средство со кое се изразува прекор кон некој, во овој случај личноста ќе се почувствува безвредна. Тешко е за една врска да се врати од таа состојба.
4. Кавга без меѓусебна комуникација
Сите знаеме дека со меѓусебното викање нема да постигнеме ништо.
Сосема е во ред да се налутите и да се скарате, но доколку не комуницирате меѓу себе и не ги искажувате своите чувства, не можете да решите ништо.
5. Негативна енергија
Ако се чувствувате непријатно и напнато додека сте во негово/ нејзино присуство, тоа е само одговор на вашето тело кое реагира на негативната енергија која ве опкружува и двајцата.
Негативноста може ментално, физички и емоционално да ве исцрпи. Принудени сме да се справиме со овој вид на стрес, а партнерот е оној кој треба да ни помогне во тоа.
6. Меѓусебно избегнување
Вие треба да бидете способни барем да го толерирате присуството на вашиот партнер. Доколку не можете да поднесете да сте во негово/ нејзино присуство, тогаш навистина треба да размислите да ставите крај на врската.
7. Повеќе не сте истите личности
Промените се задолжителни, без оглед на се. Кога сте во врска, дури и ако и двајцата се промените, сепак треба да одите во иста насока.
Ако врската ве промени, тоа треба да биде на подобро. Ако пак, почувствувате дека се менувате и повеќе не можете да се препознаете себе, тоа воопшто не е во ред.
8. Чувствувате дека врската повеќе нема цел
Постои разлика помеѓу тоа да сте во врска бидејќи така ви е добро и да сте во врска бидејќи навистина го сакате тоа.
Доколку почувствувате дека вашата врска не функционира повеќе, зошто тогаш си го трошите времето? Подоцна ќе ви биде жал, но никогаш нема да можете да го вратите времето назад.
9. Размислувате само за тоа да го/ ја направите среќен/на
Откако ќе наполните 20 години, врската претставува потенцијална можност за брак. Во вашиот партнер треба да видите личност со која би го поминале остатокот од животот, бидејќи ако не е така, тогаш во што е целата поента?
Правилно е да сакате да го усреќите вашиот партнер, но тоа треба да биде обострано. Вашата среќа треба да значи и негова/ нејзина среќа и обратно.
Ако вие постојано се обидувате да го/ја усреќите, а не добивате ништо за возврат, тогаш нешто во врската не штима. Среќата би требало да е взаемна.
10. Не е можно се што правите да е погрешно
Кога во врската ќе стигнете до точка кога се што правите или велите го/ ја вознемирува, треба да сфатите дека проблемот не е во вас.
Постои нешто поради што вашиот партнер е несреќен и не сака да ви го каже тоа. Се додека тој/ таа не разговара искрено со вас и ви каже зошто е фрустриран/а, се што правите вие ќе изгледа недоволно.
11. Промените се сфатени како негативни
За да една врска трае, таа треба да се развива. Фразата ‘зошто работите да не останат онакви какви што се’, не е баш погодна за долгите врски.
Во одреден момент, некој ќе сака повеќе. Тоа воопшто не е лоша работа, но и двајцата партнери мораат да бидат на иста бранова должина. Нема ништо лошо во тоа да направите чекор напред, со тоа само покажувате знаци на зрели личности.
12. Навраќање на почетоците, наместо гледање напред во иднината
Спомените од фазата во вашата врска кога се чувствувавте како да сте на меден месец, не можат да ја оддржат вашата врска. Не можете да го оживеете минатото. Врските напредуваат, но не секогаш на подобро. Фантазирањето за она што поминало не може да ја подобри иднината.
13. Едноставно не сте среќни повеќе
Се се сведува на среќата. Не морате да барате изговори зошто сте несреќни.
Не е реално да очекувате дека ќе бидете среќни во секој миг од врската, но гледано во целост, вашиот партнер треба да ве прави посреќни. Треба да почувствувате поддршка и сигурност дека можете да направите што и да посакате.
Потребно е да знаете дека и покрај тоа што не можете да имате контрола на секој аспект од животот, таа личност ви дава стабилност. Ви помага да застанете на нозе и ви дава надеж дека нештата ќе бидат онака како што вие поскувате да бидат.
Ако го немате ова, запрашајте се дали навистина вреди?!
Посетено 20.838 пати