12 знаци дека партнерот ги злоупотребува вашите емоции
[fblike]Постојат врски кои на почетокот се совршени, но како што одминува период стануваат загушливи и не притискаат да ги прекинеме.
Факт е дека самата врска не е таа што станува таква, туку луѓето во неа, а доколку вашата станала загушлива значи вината треба да ја барате во партнерот наместо во себеси.
Ќе си речете, можеби јас грешам наместо партнерот, но доколку ги забележите овие 12 знаци кои покажуваат дека тој ги злоупотребува вашите емоции и со тоа врската ја прави загушлива, време е да го откачите.
1. Ви кажува индиректно дека има резерва
Вие сте му приоритет, но околу него шетаат опции со долги нозе и тоа ви го кажува индиректно. Веднаш откачете го, кога има толку опции, нека го изгуби приоритетот одбирајќи една од нив.
2. Се обидува да ги контролира вашите емоции
Ви кажува дека ќе ви се јави во седум часот, но не го прави тоа до десет часот постојано. Дечкото сака да ви ги контролира емоциите и да ве тера да се запрашате каде е во тие три часа и зошто не се јавил.
Не ви треба таков, наредниот пат кажете му дека ќе му се јавите вие во 7, само не кажувајте кој ден…
3. Не ви кажува ништо
Го држи својот свет во тајност, со кого излегува, каде оди, какви се неговите интересни приказни од минатото и слично. Едноставно не комуницира со вас и не сака да го запознаете подобро, а кога тоа го прави не се ни обидувајте да го запознаете подобро.
4. Ве манипулира со планови за иднината
Наеднаш сака брак и деца, а до вчера ви кажувал дека никогаш нема да се ожени или пак уште на почетокот од врската ви зборува за иднината која ја гледа со вас.
Дечкото очигледно или се заљубил гадно или сака со манипулација на женската природа преку плановите за иднина да дознае какви се вашите вистински емоции.
5. Се обидува да ви ја загрози слободата
Кога се расправате ја затвора вратата за да не може да избегнете поголем конфликт или не ве пушта да си заминете откако ќе се скарате за било што?
Не ви треба овој партнер во вашиот живот, наредниот пат кога ќе ја отворите вратата никогаш повторно не влегувајте во неа, бидејќи голема е веројатноста тој не ве пушти да излезете никогаш повторно.
6. Не ве почитува ниту вас, ниту ставови
Вие никогаш не сте во право и немате право на збор, а доколку се изјасните за било што вашите ставови никогаш не се точни.
Тој едноставно не ве почитува ниту вас, ниту вашите ставови, зарем ќе бидете со некој што се однесува вака цел живот? Бидејќи верувајте сигурно нема да се смени…
7. Постојано чувствувате дека нешто крие
Кога зборува на телефон се оддалечува од вас или бега во друга просторија? Тоа е знак дека крие нешто од вас, а доколку истото го чувствувате и вие, време е да го прашате со кого разговара на телефон, нели?
8. Знае како да ви ја погоди Ахиловата пета
Без причина ве нервира и знае како да ви ја погоди Ахиловата пета, бидјеќи ги знае вашите слабости.
Доколку ве сака и е вистинскиот партнер за вас, зошто би го правел ова? Кога сакаш некој не го нервираш, го насмевнуваш!
9. Не е задоволен со своите животни одлуки
И постојано фрустрациите ги исфрла на вас и вашите успеси. Едноставно не може да поднеси вие да сте поуспешни од него, а не знае дека се зависи од неговите животни одуки.
Кога би ги подобрил, би бил успешен и тој, но ова не е потребно да му го кажуватевие, оставете нека го сфати сам, без вас, еден убав ден во иднина.
10. Се покажува како врвен манипулатор
Знае да ве натера да се извините и кога сте во право или кога тој греши?
Тој е врвен манипулатор кој секогаш ќе ја префрла вината на вас и ќе сеобидува да ја злоупотреби вашата добрина и попуштање, не дозволувајте го тоа повеќе, раскинете веднаш.
11. Не е искрен
Постојано раскажува приказни кои заборава дека ги раскажал претходно и секогаш истите имаат различен тек или крај?
Тоа значи дека вашиот партнер не е искрен со вас во никој поглед, а искреноста е темел на една врска, кога ја нема како во вашиот слуичај верувајте таа за брзо ќе се сруши.
12. Се однесува како посесивно агресивен лудак
Не постои расправија која поминува без викање или ден кој поминува без расправија? Тој постојано се кара со вас без причина и се однесува како посесивно агресивен лудак?
Дајте му причина за конфликт овој пат кој ќе наговестите дека ќе му биде последен!
Посетено 1.396 пати