Единствената Риба Во Морето: 11 Знаци Дека Конечно Го Пронајдовте Вистинскиот Маж

riba vo more_majkatiitatkoti

Потрагата по вистинската личност знае да биде навистина исцрпувачка и фрустрирачка, особено поради тоа што повеќето луѓе се одлучуваат за кратки врски.
Некои од нив не се ниту обидуваат да ве запознаат подобро, а други пак би направиле се само за да ви се вовлечат во гаќите. Но, кој е оној што вреди? Кој е оној вистинскиот?
Постојат проверени начини како со сигурност да откриете дали тој е вистинскиот. Дали тој вреди да го трошите вашето време на него и дали ќе влијае позитивно на вашиот живот?
Ова се знаци кои упатуваат на тоа дека вие двајца сте создадени еден за друг:
1. Тој ве инспирира да станете подобра личност
Работи напорно за да ги отплати долговите и да стигне до работата од неговите соништа. Тој е одговорен и чувствителен.
Секогаш е подготвен да помогне или да спаси нечија врска и знае што сака во животот. А кога сето ова ви е пред очи, не можете да сторите ништо друго освен да ги дефинирате вашите ставови, цели и соништа и да се стремите да ги достигнете.

2. Постојано ви го чува грбот
Кога работите ќе тргнат на лошо, тој е првата личност, ако не и единствената личност, на која можете да и се обратите. Кога ќе побарате помош, тој никогаш не размислува два пати пред да ви подаде рака.
Секогаш знае да ве расположи, дури и во моментите кога не можете самите себе да се поднесете.

3. Ве знае подобро од самите вас
Тоа не значи само дека знае каков сладолед сакате. Тој во вас гледа вистински потенцијал. Никогаш нема да ве принуди да правите нешто, ако самите не го сакате тоа, освен ако тоа е нешто со што морате да се соочите и потоа да имате придобивки од истото.
Тој е оној кој ви укажува во што сте најдобри, ви помага да сфатите дека ќе сте посреќни доколку се борите за вашите соништа.

4. Никогаш не се заморувате меѓусебно
Со вистинската личност секогаш имате што да правите. Ништо не е здодевно и ништо не е премногу.
Никогаш не се уморувате од тоа да гледате еден во друг, да си ги слушате гласовите и секојдневно да наоѓате причина да се насмеете. Тоа не ве заморува сега, а чувствувате и дека никогаш нема да ви биде заморно.

5. Дел сте од неговите соништа и аспирации
Стигнавте до моментот во врската кога сте потполно сигурни дека тој е оној со кој сакате да го поминете животот, а и тој го чувствува истото.
Па така, кога во животот тој ќе наиде на некои големи одлуки кои треба да ги донесе, тој сака да го слушне вашето мислење за таа работа, бидејќи знае дека тоа ќе влијае и на двајцата.

6. Тој обожава секс, но само како составен дел од врската
Сексот е навистина важен во една љубовна врска. Тој е еден од главните начини на кои ја искажуваме меѓусебната љубов и страст.
Она што вашиот партнер го прави посебен е тоа што тој во сексот гледа многу повеќе од само секс. Неговите мисли не се посветени само на сексот, тој се обидува да се посвети на сите аспекти од вашата врска.

7. Секогаш наоѓа начин да направи да се почувствувате посебно
Тој можеби не е богат, но секогаш кога сте заедно тој успева да ве усреќи. Тој на вас гледа со таква радост како што вие гледате на божиќните подароци.
Ве изненадува со вашата омилена чоколада- без повод, резервира во вашиот омилен ресторан, го користи парфемот кој вам ви е омилен. Ви покажува дека секогаш мисли на вас.

8. Секогаш е покрај вас во најтешките мигови
Секогаш кога ќе добиете отказ од работното место или пак, не дај боже, ќе имате смртен случај во семејството, тој е секогаш покрај вас за да се погрижи за се.
Кога се наоѓате во состојба кога сте вознемирени или поразени од препреките кои животот ви ги нуди, тој е секогаш до вас да ве охрабри и да ве потсети дека животот продолжува.

 9. Не се плаши да ви ги покаже своите чувства
Многупати ви кажал дека ве сака и го мислел тоа. На многу начини ви докажал колку му значите и колку значајна личност сте вие во неговиот живот.
Покрај тоа, и вашиот инстинкт ви говори дека тој е вистинскиот за вас и имате чувство дека овој пат не можете да погрешите.

 10. Можете да се справите со меѓусебните разлики, без оглед на тоа колку и да се големи
Не се работи само за вашите заеднички или слични верувања, успехот на врската лежи во признавање на вашите спротивставени карактеристики и успевање да се надминат сите тие разлики.
Тоа можат да бидат едноставни разлики, како на пример сакањето на различна храна па се до различноста во вашите уверувања. Но, се додека и двајцата сте сигурни во меѓусебната љубов, можете да ги преминете сите пречки.

11. Пеперутките во стомакот никогаш не исчезнуваат
Од моментот кога вашите погледи за прв пат се сретнаа па се до денес, сеуште постојат мигови кога тој ви го одзема здивот.
Сеуште се чувствувате како средношколка и уживате во неговиот мирисот на постелата. Седите заедно на масата и размислувате за тоа колку сте среќна бидејќи сте со него, имајќи ги предвид сите недостатоци.
Доколку најдете маж кој ги поседува сите овие карактеристики вие сте среќна жена- не дозволувајте му да ви побегне.
Посетено 6.453 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!