10 работи што треба да ги знаете доколку не се чувствувате убаво

Еве неколку работи кои мислиме дека треба да ги знаете доколку навистина не се чувствувате убаво и сметате дека не сте убави.
Stocksy_txp039ef6444pe000_Small_501386[fblike]
1. Убавината е субјективна. Многу луѓе мислат дека сте убави, без разлика како изгледате.
2. Не е  важно колку луѓе сметаат дека сте убави, ако вие не мислите така. Најважно е вие да знаете дека сте убави.
3. Треба да се чувствувате дека сте убави затоа што без оглед колку грешки правиме, колку нашето тело ќе се измени со текот на годините, колку лоши можат да бидат другите луѓе, ние сме убави доколку одбереме да се чувствуваме така.
4. Некои луѓе сметаат дека убавината исчезнува. Тие грешат. Убавината е бесконечна. Можеби нашата кожа, коса и тело ќе се изменат, но овие работи немаат апсолутно никакво влијание врз нашата вистинска убавина.
5. Вашата убавина е страст кон животот. Таа претставува среќа со која влијаете во животите на другите луѓе и со тоа ги правите посреќни.
6. Да се чувствувате убаво е право на избор. Лесно е да сакаме повеќе работи кај себе, но секогаш знаеме да се фокусираме на една работа која не ни се допаѓа кај нас. Сите понекогаш се чувствуваме ужасно и неубаво, но потребно е да продолжиме со нашите навики и приоритети кои ги имаме во животот, а кои ни прават да се чувствуваме среќно и убаво.
7. Убавината воопшто не е поврзана со модата и модните трендови. Можете да бидете надвор од сите овие случувања во врска со модата. Модата нема никаква врска со тоа колку уабаво вие се чувствувате.
8. Давајте комплименти, но секогаш фокусирајте се на давањето комплименти за карактерот на една личност, наместо да давате комплименти колку убави очи имаат или колку убава насмевка имаат, или пак колку се убаво облечени.
9. Размислете што придонесува да се чувствувате убаво и правете ги тие работи почесто.
10. Вие сте навистина убави. Никогаш не дозволувајте некој да ви влијае да не се чувствувате убаво. Никако не смеете да го дозволите тоа!
Посетено 5.308 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!