10 начини на кои вљубувањето во алкохоличар ја промени мојата перспектива

alkohol_majkatiitatkoti

Алкохолизам- верувам дека дури и самиот збор прави да се чувствувате непријатно, зарем не? Јас пораснав без да размислувам и разговарам за оваа болест и не ја сфаќав нејзината сериозност се додека да имам можност да се соочам со страдањето на сакана личност.

Тоа е сериозен проблем и крајно време е да почнеме да зборуваме за вистинските последици од алкохолизмот.

Јас ја сретнав таа личност во март, 2011 година. Уживав во последните недели како додипломец и само што се бев вратила во мојот роден град од одмор. Мојата најдоба другарка беше во градот со нејзиното момче исто така, тие беа на гости кај него.

Заедно бевме на скара, испивме по неколку пива и се вративме во неговиот дом. Кога пристигнавме во неговиот стан, тоа беше типичен стан на 24 годишен студент.

Закачени спортски сувенири по ѕидовите и купишта валкани алишта на неговиот кревет.

Потоа, ја видов неговата гитара. Го замолив да ми отсвири некоја песна и тој започна да дрнка некој извадок од неговиот омилен бенд Pearl Jam.

Тој зјапаше во мене, го видов сјајот во неговите длабоки, кафеави очи и благата насмевка, а потоа започна да пее. Веќе ми се допаѓаше.

Нашата љубовна приказна продолжи уште неколку месеци и потоа во јули јас забележав дека нешто не беше во ред, дека нешто е многу погрешно. Тој ме имаше мене, 21 годишно девојче, потполно избезумено и вљубено до уши.

И покрај тоа што тоа лето јас дознав дека тој има проблем со алкохолот, сепак одлучив да останам со него уште три години- три години кои од корен ја променија мојата пецепција за љубовните врски.

Следните 10 работи ги научив од излегувањето со алкохоличар:

1. Алкохоличарите знаат добро да се кријат

Ние живеевме во различни градови (оддалечени околку 3 часа возење) и поголемиот дел од нашата врска го поминавме разговарајќи и допишувајќи се на телефон.

Вообичаено ме бараше во вечерните часови, мрморејќи и развлечувајќи ги зборовите. А јас секогаш се обидував да најдам изговор зошто е тоа така, од типот ‘Тој е премногу изморен од работа, малку фали да заспие на телефонот’.

Погрешно.

Се испостави дека тој ги посетувал продавниците за алкохол после работа и купувал вотка која ја конзумирал секоја вечер. Дознав за тоа дури откако ги пронајдов фискалните сметки во неговиот автомобил.


2. Алкохоличаите не пијат поради вас

Јас се обвинував долго време бидејќи мислев дека јас правам нешто погрешно, па тоа го предизвикува да пие. Една вечер, јас имав испланирано романтична вечера само за нас двајцата. Дома зготвив тестенини, пуштив музика од Френк Синатра и заедно танцувавме во кујната.

Тој замина до тоалет и се задржа некое време. Јас ја поставив храната и го чекав на масата во кујната. Тој се врати камен пијан и почна да јаде.

Беше толку пијан што не можеше дури ниту да ја донесе вилушката до устата, а потоа ја истури чинијата со тестенини врз неговата кошула.

Плачејќи отидов во тоалетот каде што го пронајдов празното шише вотка сокриено позади WC школката.

Во тој момент, мислав дека јас сум причината поради која тој пие. Сепак, ние бевме искрено среќни и вљубени.

Не сметајќи го алкохолизмот, тој беше мажот со кој си замислував дека ќе имам долга врска. Тој не пиеше поради мене, тој пиеше бидејќи имаше сериозна болест.


3. Тешко можете да им верувате на алкохоличарите

Ние официјално раскинавме во почетокот на 2012 година. Го барав на мобилен цело време додека возев накај неговиот град да го посетам ( 3 часа) и немаше одговор.

Требаше да одиме во викендицата на неговите родители на продолжен викенд. Кога пристигнав до неговиот стан, преку прозорецот видов како лежи онесвестен на каучот.

Вратата беше заклучена, па побарав од соседот да ја скрши. А внатре има што да се види, тој со шише вотка во раката, заспал пијан.

Јас го грабнав шишето вотка и го истурив остатокот во мијалникот. Тогаш полудев, почнав да пребарувам по сите негови фиоки, шкафови, па дури и под креветот.

Наполнив три кеси за отпадоци со празни шишиња од алкохолни пијалоци кои тој ги криел.

Плачев и го тресев, некако успеав да го разбудам и му кажав дека е крај. Таа ноќ отидов во куќата на моите родители и конечно им раскажав се.

Тешко можете да им верувате на алкохоличарите. Тој секогаш имаше планови со мене, но никогаш не го изоставаше ниту алкохолот.


4. Алкохолизмот е опасен по животот

Не бев разговарала со него неколку дена кога добив повик некаде при крајот на 2012 година дека е во болница. Се разбира, веднаш побрзав за да го видам.

Влегов во болничката соба каде што беше тој и веднаш почнав да плачам. Кој е овој човек во кој јас сега гледам? Целото негово тело беше потечено. Ја зграпчив неговата кошула, а тој ме бакна на челото.

Му беше дијагностицирана рабдомиолиза, ова се случува кога бубрезите не можат да ги отстранат штетните материи. Целото негово тело беше напумпано со некакви течности, а болничарката му кажа дека ако продолжи да пие- може да умре.

Алкохолизмот е сериозна болест и често може да доведе до други здравствени проблеми кои се опасни по животот.


5. Алкохоличарите треба да се подготвени за промени

Откако излезе од болница, неговите родители го принудија да оди на рехабилитација. Ми рече дека ќе ми се јави за неколку месеци и дека ме сака. Тој сакаше да го чекам да заврши со рехабилитацијата за потоа да можеме да разговараме за нашата врска.

Тогаш помислив дека тој е искрен кога рече дека сака да се промени. Но излезе дека не бев во право. По неколку месеци откако ја напушти рехабилитацијата тој го уништи својот автомобил поради тоа што возел под дејство на алкохол.

Вие не можете да го промените алкохоличарот, тој или таа треба сам/а да одлучи да побара помош и да се промени.


6. Не можете да пиете со алкохоличар

Тој се обиде да ме убеди во периодот после рехабилитацијата, а пред да го уништи автомобилот дека е претворен во подобра личност. Тој дури и кажа дека повременото пиење е сосема во ред.

Една вечер додека работно бев во мојот роден град, се искрадов за да се сретнеме. Отидовме во неговиот омилен бар и тој ми рече дека ќе биде во ред ако се напие едно пиво со мене. Иако се двоумев, сепак прифатив.

Тој доста убедливо ми зборуваше дека неговиот однос со алкохолот конечно е подобар.

Па така, место едно испаднаа три пива, потоа го фатив како пие вотка од мали шишенца криејќи се во тоалетот. Пиењето со алкохоличар е спирала која само ве влече надолу, тоа е нешто што не треба да го правите.


7. Алкохолизмот најчесто се наследува во семејството

Мојата најдобра пријателка која ме запозна со него се омажи во 2014 година. Јас бев деверуша, а тој беше кум. Соочувањето со него и со неговите родители на свадбата, после се, беше исклучително тешко.

Запознав еден негов пријател кој ме повлече на страна и ми кажа шокантна вест- неговиот татко исто така бил алкохоличар и ги криел шишињата со алкохол во тоалетот.

Алкохолизмот најчесто се наследува во рамките на семејството, неговиот татко исто така страдал од истата болест.

Конечно ја сфатив смислата на зборовите на неговата мајка кога се обидуваше да ме убеди да останам со него после рехабилитацијата.

Таа била значајна фигура за поддршка во борбата на нејзиниот маж со алкохолизмот, па помислила дека исто можам да го направам и јас за нејзиниот син.


8. Треба да продолжите со животот

По три годишната врска со алкохоличар, јас решив да ги прекинам сите врски. Тој постојано ми праќаше ‘пијани’ текстуални пораки за тоа колку ме сака, и јас не можев да издржам повеќе.

На крај, му реков дека јас морам да продолжам со мојот живот. Му испратив порака за да знае дека се селам во Њу Јорк во август, 2014 година.

Му кажав и дека ќе ги избришам и блокирам неговите броеви. Останав силна и за шест месеци, тој беше само сеќавање.


9. Тешко е да научите повторно да верувате

Исклучително е тешко да излегувате со други личности, откако сте се забавувале со алкохоличар толку долго време.

Тој беше експерт во криењето на неговата сериозна болест од мене  и во убедувањето да останам со него откако ќе го победи алкохолизмот.

Кога за прв пат ќе излезете со некој, имате многу работи да научите. Тешко е да верувате на некој нов, откако толку долго сте биле со алкохоличар.

Тој ја уништи мојата доверба и направи да мислам дека секој следен во иднина ќе има огромни недостатоци.

Тоа не е вистина, треба да останете силни и да сфатите дека во светот има и други личности за вас.


10. Разговарајте за алкохолизмот

Долги години јас ја криев врската со него од моето семејство и од моите пријатели, но навистина е важно да се зборува за алкохолизмот. Многу луѓе страдаат од оваа болест, вие не сте сами.

Токму некои од вашите најблиски пријатели или членови од семејството можеби исто така се во врска со алкохоличар.

Или имајте целосна доверба во луѓето на кои им верувате или барајте терапија. Забавувањето со алкохоличар ќе ја промени вашата перцепција за врските.

Добро размислете за овие чувства и зборувајте за алкохолизмот и неговото влијание ако сакате во иднина да имате успешни врски.

Посетено 3.840 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!